Почетна / Еднодневни Екскурзии / ОСТРОГ СО БУДВА 2027
Еднодневни Екскурзии

ОСТРОГ СО БУДВА 2027

Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица.

ТЕРМИНИ:

13.11-15.11.2026 05.03 - 07.03.2027 19.03 - 21.03.2027 02.04 - 04.04.2027 16.04 - 18.04.2027 30.04 - 02.04.2027 14.05 - 16.05.2027 28.05 - 30.05.2027

Цена на аранжманот: 2000ден

ПРОГРАМА:

Програма по денови

Состанок со групата во 20:00 часот од претд ТА Либеро Травел во Кочани. Заминување кон Црна Гора во 20:30 часот (ноќно возење). Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во градот Будва. Слободно време за фото пауза на Островот Св.Стефан. Автобусот се упатува кон Словенска плажа. Слободно време од неколку часа за плажа, појадок, прошетка, (крстарење – индивидуално), или слободни активности по сопствен избор.

Во попладневните часови се упатуваме кон манастирот Свети Василие Острошки и  факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.

Факултативно – во недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. Спуштање до Долниот конак. Во Долниот Манастир литургијата започнува во 08:00 ч. Средба на целата група и во 09:00 заминување кон Подгорица.Во подгорица има 1 саат пауза, посета на црквата Христово Воскресение, јадење во ресторант, или слободно индивидуално време. Потоа се упатуваме кон Манастир Дајбабе.Кратка пауза од 40 минути во манастирот. Тргнување за Македонија по завршените разгледи. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Вклучено во цената

  • ✓Превоз со високотуристички автобус
  • ✓Посета на Будва
  • ✓Фото – Пауза на Св.Стефан
  • ✓Ноќевање во Манастирскиот двор
  • ✓Придружник за време на патувањето
  • ✓Посета на црквата Христово Воскресение во Подгорица
  • ✓Посета на манастир Дајбабе

Не е вклучено

  • ✕Ноќевање во Долниот конак 5 еур (се плаќа во конакот)
  • ✕Крстарење со бродче – 10 еур по лице
  • ✕Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец.
  • ✕Патничко осигурување
  • ✕Туристичка такса за влез во манастирот од лице 1 еур се плаќа во автобусот

Услови и напомени

  • За реализација на патувањето е потребно минимум 35 патника.
  • Организаторот на патувањето може да го откаже патувањето до 48 часа пред поаѓање во случај на недоволен број на патници.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • За ова патување важат општите услови на Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.

Подготвени за ОСТРОГ СО БУДВА 2027?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.