МАНАСТИР ПРОХОР ПЧИНСКИ И ВРАЊЕ
Опис на патувањето
Термини: 15.11.2026
Цена: 950ден
Манастирот на свети Прохор Пчински се наоѓа во шумовитите падини на планината Козјак, на левиот брег на реката Пчиња, во непосредна близина на селото Кленика и на само 30 километри јужно од Враење. Според легендата манастирот е изграден од страна на византискиот цар Роман Диоген во 11 век во знак на благодарност на Свети Прохор Пчињски ,којму предвидел дека ќе стане цар. Политичките случувања што се одвиваат кон крајот на 10 и почеток на 11 век оставиле свој белег во овој крај. Со победата на Василиј II над Самоил, Византија успева да си ги врати изгубените територии на Балканскиот Полуостров, а со тоа доаѓа и до реорганизација на политичката и црковната ситуација во регионот. По Косовската битка во 1454 година манстирот е уништен од страна на Османлиите, за повторно да биде обновен во 1489 година од страна на Марин, син на попот Радоња од Кратово. Во тој период се насликани и вреските во самиот манастир, кои се сметаат за најважно уметничко дело од тој период. На 2 август далечната 1944 година тука е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија или познато како АСНОМ. Манастирот Прохор Пчински денес претставува целина во која се испреплетени културно историските спомени.
Програма: Тргнување во утринските часови.
Прво го посетуваме Манастирот на свети Прохор Пчињски кој се наоѓа во шумовитите падини на планината Козјак, на левиот брег на реката Пчиња, во непосредна близина на селото Кленика и на само 30 километри јужно од Врање. Според легендата манастирот е изграден од страна на византискиот цар Роман Диоген во 11 век во знак на благодарност на Свети Прохор Пчињски , кој му предвидел дека ќе стане цар.
Пророштвото се исполнило, Диоген владеел од 1067 до 1071 година, сосема заборавајќи на светецот. Прохор веќе се преселил во друга пештера, во близина на реката Пчиња.
По неговата смрт, светецот на сон му се јавил на Диоген со потсетување дека го заборавил. И така, на местото на нивната прва средба немало ништо и Диоген во селото Старо Нагоричане издигнал црква, а кога добил второ јавување во сон, Диоген се упатил во планината каде го нашол мртвото тело на Прохор Пчински. Во близина на испосницата подоцна бил кренат манастир во чест на Прохор Пчински, каде до денеска се наоѓаат неговите мошти, од кои истекува густо масло…
Живописот на црквата е од 1489 година. Во 1944 година во манастирот е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денеска претставува културен и духовен центар од историско значење.
По посетата на манастирот продолжуваме кон Врање, индивидуално слободно време за шопинг, LIDL, релаксирање, прошетки, кафе и слободно време за ручек. Во договорено време со водичот собир на групата и поаѓање према Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Во цената е вклучено :
Организација и водство на патувањето
Превоз на наведената релација
Посета на Манастирот Прохор Пчински
Посета на Врање
Во цената не е вклучено:
Индивидуални трошоци
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Либеро Травел.
За реализација на овој аранжман потребно е минимум од 35 патника.
Подготвени за МАНАСТИР ПРОХОР ПЧИНСКИ И ВРАЊЕ?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
