Поаѓање во вечерните часови - Кочани од 23:30 часот. Организран превоз од Делчево, М.Каменица, Виница, Кочани, Штип, Скопје. Попатни паузи за одмор и царински формалности.
МАНАСТИР ТУМАНЕ (со Сребрено Езеро)
Опис на патувањето
ТЕРМИНИ: 22.11.2026 -
Манастирот Тумане се наоѓа на девет километри оддалеченост од Голубац, во подножјето на планината
опколен со шума, на левиот брег на реката Туманска, што му дава посебна убавина на светилиштето. Пет века по упокојувањето Преподобниот Зосим, јасно е зошто светиот подвижник го избрал токму ова место за својот осамен и молитвен живот, скриено од луѓето и потполно погодно за молитвена тишина. Амбиенталната убавина, духовниот мир и присуството на светињите, ја прават вредноста на манастирот Тумане, како на духовен, така и на културно-историски план.
ЦЕНА: 2000 ДЕН.
ПРОГРАМА:
Програма по денови
Пристигнување во утринските часови на манастирот. Литургијата започнува во 08:30 часот. Пешачење до испосницата на Светиот Зосима, која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Во карпата што доминира во целата област, има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител. Денес во молитвената ќелија на преподобниот направена е капела. Покрај пештерата има чудотворен извор, а зад него прекрасен шумски водопад.
Потоа се враќаме во манастирот, на поклонение на светите мошти, каде ќе присуствуваме и на Светата Литургија. По Литургијата, разглед на манстирот и присуство на исцелителните групни молитви од страна на монаштвото.
Во попладневните часови тргнување, групата се упатува кон Сребрено Езеро. Слободно време за разглед. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Вклучено во цената
- ✓Превоз со високотуристички автобус
- ✓Посета на испосницата на Св Зосим - се пешачи некаде околу 15-20 минути од манастирот (кој сака)
Услови и напомени
- Дополнителни информации:
- Во манастирите се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште (сукња) со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
- Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
- За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патника.
- За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Либеро Травел.
Подготвени за МАНАСТИР ТУМАНЕ (со Сребрено Езеро)?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
