Почетна / Еднодневни Екскурзии / КАВАЛА СО МАНАСТИР СВ ЛИДИЈА 2026
Еднодневни Екскурзии

КАВАЛА СО МАНАСТИР СВ ЛИДИЈА 2026

Еднодневна екскурзија

Траење
Еднодневна екскурзија
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Tермин: 14.11.2026

Кавала е град во североисточна Грција, на брегот на Егејското Море. Позната е по убавите плажи, стариот град со тврдината, аквадуктот од османлискиот период. Исто така е важна лука и туристичка дестинација со богата историја.

Цена: 1400ден

Организиран автобуски превоз од: Виница,Кочани,Штип,Овче Поле,Велес,Неготино,Гевгелија. Зимаме патници и од Делчево и Каменица со доплата од 100денара.

Тргнување во раните утрински часови. Патуваме преку граничен премин Богородица. Прво се упатуваме кон манастирот Св Лидија. Манастирот Света Лидија (Св. Лидија Филипска) се наоѓа во местото Филипои, близу до градот Кавала, и е еден од најзначајните христијански духовни центри во тој регион. Манастирот е изграден на местото каде, според преданието, апостол Павле ја крстил Света Лидија од Филипи, првата жена во Европа што примила христијанска вера (околу 49 година по Христа).
Затоа ова место се смета за „луљка на христијанството во Европа“.

Овде ќе имаат патници слободно време околу 1 час до 1ипол час. Потоа по  разгледот на манастирот се упатуваме кон Кавала каде што патниците ќе имаат слободно индивидуално време за прошетка. Стариот град (Панагија) – со тесни улици, традиционални куќи и познатата тврдина на Кавала од каде има прекрасен поглед на морето. Слободно време за ручек и кафе покрај море и плажа. Во 17:00 локално време се враќаме за Македонија.

Услови и напомени

  • За реализација на овој аранжман треба да има минимум 30 патника.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • ЗА ОВОЈ АРАНЖМАН ВАШАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.

Подготвени за КАВАЛА СО МАНАСТИР СВ ЛИДИЈА 2026?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.