Сараево лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто.поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност.Дом на голем број на религии со векови, а со тоа и на различни култури. Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа или „Ерусалим на Балканот еден е од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство.
Термин: 23.05-26.05.2024
Промо цена до 01.05 : 89е / 5 520 ден.
Редовна цена: 109е / 6 760 ден.
ПРОГРАМА:
1 ден (четврток) 23.05.2024 Македонија – Сараево.
Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
2 ден (петок) 24.05.2024-Сараево
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел и краток одмор. Од 20 часот следи факултативна свечена вечера или слободно време. Ноќевање.
3ден (сабота) 25.05.2024 Сараево – Мостар – Сараево.
По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Ноќевање. Слободно време. Ноќевање.
3 ден (недела) 26.05.2024 Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кочани.
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со факултативно крстарење со брод на реката Дрина. Посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Македонија
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Aвтобуски превоз на дадената релација
- Сместување во хотел на база 2 ноќевања со појадок
- Разгледување на Сараево со водич
- Придружник на групата
- Посета на Вишеград
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 250 денари
- Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар – 30 евра
- Влезници за културно-историските споменици
- Крстарење по Дрина 15 eвра
- Разглед и посета на Дрвенград 5 евра
- Туристичка такса 200 денари по лице
НАПОМЕНА:
- Нема намалување на цената за сопствен превоз
- ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица
постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст - За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
- За овој програм важат Опшите Услови на патување на Либеро Травел.
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
- Т.А.Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено вопрограмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.