Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, Грција носи сино – бела униформа, но Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена. Познат како “Зелениот Смарагд“, вториот по големина од Јонските Острови е покриен со бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, а населението е со многу мирен и отворен дух за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се слават со фешти, особено за велигденските празници.
Богат со разновидна историја, го прави еден од најубавите острови во Грција. Со архитектура која го има шармот на Париз, Венеција и Лондон. Големиот број на тесни улички со куќи се речиси непроменети до денес, со цел да се задржи автентичноста и карактерот на градот. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град, наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади, старите млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
00/01 ДЕН (23/24.05.2024, четврток/петок) СКОПЈЕ – КРФ
Состанок на групата кај хотел Континентал во 21:00ч. со тргнување во 21:30ч. Ноќно патување со попатни паузи до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто помалку од 2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 мин. пристигнуваме во Ипсос и се сместуваме во вилите. Слободно време за одмор и заедничка дружба на плажата во Ипсос. Уживање во прекрасното море и можности за водени активности.
Во вечерните часови групата се упатува кон градот Крф, каде оди во прошетка низ стариот дел од градот, кој поради својата уникатна убавина, старост и сочуваност е вклучен во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО. Се наоѓа на источниот брег на островот Крф, на мал полуостров меѓу два мали заливи. Стариот град има типична градска матрица за градовите од Средоземјето. Се состои од кривулести и тесни улици со мали плоштади и камени згради. Тука постојат дури 37 цркви, од кои најпознати се црквата Св. Спиридон (заштитникот на градот) и Катедралниот храм посветен на Богородица. Главни обележја на градот се: плоштадот Листон; палатата Св. Михаил и Ѓорѓија која е лоцирана долж северната страна на плоштадот Спианада; Старата тврдина и многу други. После прошетката низ градот групата се упатува назад кон вилата.
02 ДЕН (25.05.2024, сабота) Фабриката „Мавроматис“; Заливот Палеокастрица
Во утринските часови се упатуваме кон фабриката „Мавроматис“, фабрика за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
После посетата на фабриката одиме во посета на заливот Палеокастрица кој е туристичко место на северозападниот брег на островот Крф кое се наоѓа на 19 км. од градот. Се посетува манастирот, сместен на зелен рид над плажата на Палеокастрица, посветен на Панагија (Девица Марија) од Палеокастрица кој доминира во целиот регион, изграден на врвот на далечниот рид и овозможува прекрасен поглед на островот и морето. Манастирот има восхитувачка цветна градина, а додека сте таму можете да ги погледнете изложените стари досиеја на манастирот, огромната школка, скелетот на “морското чудовиште” и да си замислите желба фрлајќи паричка во бунарот на желбите. Можност за посета и на аквариумот со доплата за влезница.
Во вечерните часови можност за заедничко дружење во некои од локалните кафулиња или клубови.
03 ДЕН (26.05.2024, недела) Сидари со Каналот на љубовта, 7th Heaven
Во утринските часови групата се упатува кон Сидари, голем туристички регион кој е развиен и располага со повеќе различни плажи. Но, се се врти околу најпознатата – Каналот на љубовта или Canal d’Аmour. Оваа плажа е природно ремек дело, можеби единственото од ваков тип на Медитеранот. Скриена во залив, меѓу вешто извајани карпи кои личат на статуи, создадена од корозивните ефекти на водата и воздухот. Името “Каналот на љубовта“ произлегува од една легенда која вели дека ако го препливате каналот од едниот до другиот крај, со сигурност ќе ја најдете љубовта на вашиот живот или, за оние кои веќе ја нашле, да останат вечно заљубени еден во друг.
После посетата на Сидари и Каналот на љубовта, групата се упатува кон 7th Heaven, место од каде може да се ужива во прекрасниот панорамски поглед кој ќе ви го одземе здивот. Тука групата има кратка пауза за кафе и освежување. Во попладневните часови враќање назад во Ипсос. Вечерта можност за заедничко дружење во некои од локалните кафулиња.
04 ДЕН (27.05.2024, понеделник) КРФ – СКОПЈЕ
Одјавување од собите околу 10:00ч. Слободно време за кратка прошетка и околу 13:00ч. собир на групата пред вилата, од каде започнува патувањето кон градот Крф и потоа со траект околу 2 часа до Игуменица. Патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ПРОМО ЦЕНА: 119 € (7.380 ден.)
(за уплати до: 10.04.2024)
Редовна цена по лице: 149 €
Факултативни излети:
- Фабриката „Мавроматис“; Заливот Палеокастрица (15 € по лице)
- Сидари со Каналот на љубовта, 7th Heaven (20 € по лице)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз Скопје – Ипсос (Крф) – Скопје
- 3 ноќевања во двокреветни студија и четворокреветни апартмани на база на наем во Corfu Blue Apartments
- Разглед и прошетка во градот Крф
- Пратител за време на патувањето и престојот
- Трошоци за организација и реализација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Траект Игуменица – Крф – Игуменица (20 € по лице)
- Факултативни излети
- Туристичка такса (1 € по лице од ден)
- Патничко осигурување (задолжително)
- Еднокреветна соба – плус 70% од износот
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
- Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
- При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
- Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
– За реализација на патувањето е потребен минимален број од 40 патници. Во случај минималниот број да не се исполни агенцијата има право да го откаже патувањето во целост најдоцна до 7 дена пред почетокот.
– За сопствен превоз се одземаат 20 € од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
– Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
– Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската.
– Секој патник има обврска и задолжен е да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.
Важат општите услови за патување на Та Либеро Травел.