ТРИКАЛА СО МЕТЕОРИ-БОЖИЌЕН МАРКЕТ 2026
6 декември 2026
- Поаѓање
- 6 декември 2026 · недела
Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација
Опис на патувањето
Ве водиме на најубавиот Божиќен парк во градот Трикала кој што се наоѓа во Централна Грција. Ќе доживеете еден најбајковит, најволшебен и најсладок Божиќ во работилницата на џуџињата. каде се прават највечатливите пецива пред очите на посетителите , каде со помош на џуџињата децата ќе ја научат уметноста за правење леб. Овде може да ја посетите и куќата на Дедо Мраз.Taму ќе се најдете пред импресивниот влез на двокатна дрвена куќа со тераса од соништата со поглед на паркот( одлична можност за фотографирање).Oсвен куќата на Дедо Мраз можете да ја посетите и куќата на самовилите и магичната шума, каде што се наоѓа најволшебната куќичка на дрво.Прошетајте покрај реката која минува низ паркот и преку дрвениот мост ќе најдете место каде живеат самовили.Убави магични суштества ќе ве дочекаат во нивниот дом и ќе ги споделат своите тајни на љубов,радост и среќа.Секој агол од паркот има различни изненадувања.
Термин:
📍Виница,Кочани,Овче Поле,Велес,Неготино,Гевгелија - 1550ден 📍Штип - 1550ден 📍Делчево,Каменица - 1650 ден 😍Цена за деца до 10 год - 200 ден од редовната цена
Програма:
Поаѓање од пред агенцијата Либеро Травел во утринските часови.Патувањето води кон граничен премин Богородица. Пауза за царински формалности и одмор.
Прво се упатуваме во работилницата за икони-Каламбака. По посетата групата се упатува кон посета на манастирот Голем Метеор.Слободно време за разглед на манастирот. А потоа се упатуваме кон божиќниот маркет во Трикала. Слободно време за индивидуални активности и Божиќно уживање во божиќното село.Тргнување од Трикала во 18h.
Во цената е вклучено:
- Aвтобуски превоз на дадената релација
- Посета на Трикала и божиќниот парк
- Посета на иконите во Каламбака
- Посета на Метеорите
Во цената не е вклучено :
- Индивидуални трошоци
- Влез во Метеорите се плаќа на лице место дополнително (кој сака)
Напомена:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
- Агенцијата го заджува правтото за отказ во случај на недоволен број на пријавени патници Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А Либеро Травел и СТКМ.
Подготвени за ТРИКАЛА СО МЕТЕОРИ-БОЖИЌЕН МАРКЕТ 2026?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
