Почетна / Дополнителни патувања / МИЛАНО СО ЛУГАНО И КОМО + СИРМИОНЕ 2026 CHRISTMAS MARKET
Дополнителни патувања

МИЛАНО СО ЛУГАНО И КОМО + СИРМИОНЕ 2026 CHRISTMAS MARKET

4 декември 2026

Поаѓање
4 декември 2026 · петок
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Милано е еден од најважните и најживите градови во Италија, познат како светска престолнина на модата и дизајнот. Градот претставува спој на богата историја и модерен урбан живот. Во центарот се наоѓа величествената Катедрала Дуомо, симбол на Милано, изградена од бел мермер и украсена со стотици скулптури. Во близина е и Галерија Виторио Емануеле II, една од најстарите и најелегантни трговски галерии во Европа. Милано е динамичен, елегантен и постојано во движење – град кој остава силен впечаток кај секој посетител.

Термин:  04.12 - 07.12.2026

Цена: 189евра ( 11 720ден)

Програма по денови

Тргнување во претпладневните часови.Денско и ноќно патување преку Србија – Хрватска – Словенија – Италија.

Пристигнување во Милано.Разглед на градот со локален водич тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица. После разгледот со водичот, слободно индивидуално време за прошетка за Christmas Market. По договореното време се упатуваме кон хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

Појадок. После појадокот се упатуваме кон прошетка (факултатива) Лугано и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки. Потоа го посетуваме градчето Комо кое се наоѓа на брегот на езерото Лаго ди Комо (Италија). Доживејте ја магијата на Лугано и Комо божиќна бајка. После завршениот разглед се упатуваме кон Милано. Ноќевање.

Појадок. Одјава од хотел. Се упатуваме кон Сирмионе - езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Слободно време за индивидуални прошетки. По завршениот разглед се упатуваме кон Македонија. Патувањето продолжува продолжува преку Словенија,Хрватска,Србија со попатни паузи. Ноќно возење.

Пристигнување во раните утрински часови.

Вклучено во цената

  • ✓Превоз со високо туристички автобус
  • ✓Две ноќевања со појадок во хотел во Милано 3* или околината на Милано
  • ✓Преставник од туристичката агенција

Не е вклучено

  • ✕Разглед на милано со водич - 20евра задолжителна факултатива
  • ✕Лугано и Комо - целодневна прошетка - 55евра
  • ✕Сирмионе - 20евра задолжителна факултатива
  • ✕Туристичка такса - 5евра за двете ноќевања од лице
  • ✕ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 90евра СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ
  • ✕Разгледот на Милано и Сирмионе се задолжителни факултативи.

Услови и напомени

  • Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Либеро Травел.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
  • Т.А.Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел.
  • ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: МОЖНО Е ВОВЕДУВАЊЕ НА ГРАНИЧНА ТАКСА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА 20ЕВРА. Ова не е поврзано со туристичката агенција. Плаќањето се врши на граничен премин.Еднаш платената такса од 20 евра ќе важи три години или до истекот на пасошот. Со ЕТИАС ќе се дозволи вкупен престој до 90 дена во период од 180 дена. Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.

Подготвени за МИЛАНО СО ЛУГАНО И КОМО + СИРМИОНЕ 2026 CHRISTMAS MARKET?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.