Почетна / Дополнителни патувања / КРАЈОВА СО 1 НОЌЕВАЊЕ ВО ДЕКЕМВРИ
Дополнителни патувања

КРАЈОВА СО 1 НОЌЕВАЊЕ ВО ДЕКЕМВРИ

7 декември 2026

Поаѓање
7 декември 2026 · понеделник
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

 Ние ви нудиме бајка во бајковитата КРАЈОВА - магијата на Олтенија во Романија , град што️ веќе неколку години е на топ листите на европските градови со спектакуларна. Ова е најголемиот божиќен пазар во Европа, кој се протега на 280.000 метри квадратни, а освен новогодишни декорации и огромни елки, има многу празнични активности и забавен парк,  летечка санка на Дедо Мраз, лизгалиште, панорамско тркало, бајковити куќички и уште многу други атракции украсени со илјадници светилки.

Организиран превоз од: Скопје,Велес,Штип,Виница,Каменица,Делчево.

Термини: 07.12 - 08.12.2026 Тргнување на 06.12 во вечерните часови.

ТОП ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 99eвра - 6140 ден

Програма по денови

Поаѓање во 00:00 часот од Кочани. Патуваме преку граничен премин Делчево кон Крајова.Програмата започнува со посета на паркот „Никола Романеску“. Слободно време за фотографии во паркот и зоолошката градина, која се наоѓа во него (повеќекратна пауза од околу 40 минути). Продолжуваме кон трговскиот центар Променада - најмодерниот трговски центар во Крајова, кој нуди разновидни продавници, ресторани и забава. Слободно време во трговскиот центар 2 часа слободно време за шопинг. Потоа слободно време за шопинг и прошетка меѓу празничните божиќни украси, каде што гостите можат да го почувствуваат духот на сезоната и да се фотографираат за сувенири. Слободно време од 16:00 часот до 20:00 часот.После разгледот се упатуваме кон хотелот.. Сместување во хотел во вечерни часови. Ноќевање.

Вклучено во цената

  • ✓1 ноќевање во центарот или околината на Крајова со појадок
  • ✓Превоз со високотуристички автобус
  • ✓Организација и водство на патувањето

Не е вклучено

  • ✕Такса за сместување 250ден од лице

Услови и напомени

  • Хотелот се дознава еден ден пред тргнување.
  • Т.А. Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 6 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Либеро Травел.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • За ова патување важат општите услови на Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.

Подготвени за КРАЈОВА СО 1 НОЌЕВАЊЕ ВО ДЕКЕМВРИ?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.