Почетна / Нова година / САРАЕВО И МОСТАР СО ЗЛАТИБОР НОВА ГОДИНА 2027
Нова година

САРАЕВО И МОСТАР СО ЗЛАТИБОР НОВА ГОДИНА 2027

2 ноќевања

2Ноќевања
Поаѓање
30 декември 2026 · среда
Траење
2 ноќевања
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

                                                                САРАЕВО ЗА НОВА ГОДИНА 2027

Сараево лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто.поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност.Дом на голем број на религии со векови, а со тоа и на различни култури. Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа  или „Ерусалим на Балканот еден е од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство. Промо цена: 125е (7750ден) ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПРОГРАМА: 30.12 - 02.01.2027

Програма по денови

Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант,  улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел. Дочекајте ја Новата година во неповторливата атмосфера на Сараево, со празнично украсени улички, блескави светилки, музика и вистинска новогодишна магија! После прославата. Ноќевање.

 Појадок. После појадокот се упатуваме  кон Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Од јабланица се упатуваме кон Мостар. Продолжуваме кон разглед на градот Мостар со  водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. После Мостар се упатуваме кон Врело Буне се наоѓа во селото Благај, на околу 12 km од Мостар и претставува едно од највпечатливите природни места во Босна и Херцеговина. Тука, под огромна карпа висока околу 200 метри, извира реката Буна, една од најчистите реки во Европа.  Изворот на реката Буна е еден од најсилните карстни извори во регионот – водата излегува директно од пештера во карпата и создава неверојатен природен амбиент. Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со  водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По договореното време се упатуваме во хотелот. Ноќевање.

Појадок. По појадокот  се упатуваме кон ВишеГрад, и индивидуално возење со бродче низ реката Дрина. После разгледот се упатуваме кон Златибор. Слободно време за ручек , кафе и индивидуални активности . И по договореното време се упатуваме кон Македонија.

Вклучено во цената

  • ✓Aвтобуски превоз на дадената релација
  • ✓Сместување во хотел со 3* во Сараево или околината на Сараево на база 2 ноќевања со појадок / хотелот се дознава 2 дена пред тргнувањето
  • ✓Разгледување на Сараево со водич
  • ✓Разлед на Вишеград
  • ✓Придружник на групата

Не е вклучено

  • ✕Здравствено патничко осигурување – 320 денари
  • ✕Туристичка такса (задолжително) 310 денари по лице
  • ✕Пакет Неретва ( Јабланица,изворот Врело Буне и Мостар + ЗЛАТИБОР ) - 65 евра -ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • ✕Возење со бродче низ Дрина - 15евра
  • ✕Влезница за во Врело Буне во куќичките 3евра по сопствена желба кој сака - не е задолжително.
  • ✕ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ПОДЛЕЖАТ НА ПРОМЕНИ ЗАВИСНО УСЛОВИТЕ.

Услови и напомени

  • ПАКЕТОТ НА ФАКУЛТАТИВИ ОД 65ЕВРА Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН!!
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица
  • постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Либеро Травел.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
  • Т.А.Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено вопрограмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
  • Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.

Подготвени за САРАЕВО И МОСТАР СО ЗЛАТИБОР НОВА ГОДИНА 2027?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.