Почетна / Нова година / БУДВА – НОВА ГОДИНА 2026
Нова година

БУДВА – НОВА ГОДИНА 2026

Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Будва за Нова Година e популарна поради Балканските изведувачи и прекрасната програма на плоштад. На ова екскурзија имате можност да ги посетите Дубровник, Котор и Тиват. 

30.12.2026  – Македонија

Состанок на групата во вечерните часови  и поаѓање кон Црна Гора. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи.

Пристигнување во Будва во утринските часови, разглед на градот. Сместување. Слободно време за индивиуални активности. .Вечерта дочек на Новата 2026 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт на ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Во најлудата ноќ програмата на централната бина. Враќање во хотел. Ноќевање

01.01.2027  - БУДВА - ДУБРОВНИК

Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Будва. Забава на плоштад за втората новогодишна вечер. Или дополнителна опција БАР - СО ДИНО МЕРЛИН. Ноќевање.

02.01.2027  БУДВА –ТИВАТ – КОТОР- МАКЕДОНИЈА

Одјавување од хотелот. Заминување на факултативните прошетки. Првото место што се посетува е местото Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.  Пристигнување во Македонија после полноќ.

Што е Факултативен излет до Тиват и Котор – 30 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)

  • Факултативен излет до Дубровник – 45 евра (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
  • Факултативен излет до БАР (забава со познатата музичка звезда ДИНО МЕРЛИН -15 евра НАПОМЕНИ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Патникот е должен при уплата на аранжман ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се изјасни на кои екскурзии ќе присуствува. Во случај да нема се изјаснето и нема доволен број на влезници за одреден музеј/знаменитост а притоа сака да присуствува, Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ НЕ ПРЕВЗЕМА ОДГОВОРНОСТ.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
  • ЗА ОВА ПАТУВАЊЕ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ
    • Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот. Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат. Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.

    Вклучено во цената

    • ✓Автобуски превоз
    • ✓2 ноќевања во апартмани.
    • ✓Туристички придружник за време на престојот

    Не е вклучено

    • ✕Патничко осигурување - 320денара
    • ✕Туристичка такса 2.50 евра од лице. Се плаќа задолжително во агенција.

    Подготвени за БУДВА – НОВА ГОДИНА 2026?

    Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.