Почетна / Нова година / СОЛУН ЗА НОВА ГОДИНА 2027
Нова година

СОЛУН ЗА НОВА ГОДИНА 2027

ГРЦИЈА

2Ноќевања
Поаѓање
31 декември 2026 · четврток
Дестинација
ГРЦИЈА
Траење
2 ноќевања
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

🎄 Дочекајте ја Новата година во магичниот Солун, со празнична атмосфера, илјадници светилки, музика и незаборавни моменти! 🎉❤️

🥂✨ Новогодишна ноќ на плоштадот Аристотел – во срцето на Солун, каде што празничната магија создава прекрасни спомени!

🚌 Патувајте со нас, уживајте во прекрасните прошетки и започнете ја 2027 година со нови доживувања!

Tермин: 31.12 - 02.01.2027 - две ноќевања со појадок + превоз

Организиран автобуски превоз: Kочани,Штип,Овче Поле,Велес,Неготино,Гевгелија

Tрансфер за повеќе од 10 патници Виница,Каменица,Делчево.

Топ промотивна цена: 159евра (9860ден)

Програма по денови

Тргнување во раните утрински часови. Патуваме преку граничен премин Богородица. По пристигнувањето следува прошетка низ центарот на Солун, еден од најубавите и најживописни градови во Грција. Слободно време за индивидуални прошетки, шопинг, уживање во празнично украсените улици и кафе покрај прекрасното солунско шеталиште. Во попладневните часови следува сместување во хотелот и слободно време за одмор и подготовка за најубавата ноќ во годината. Во вечерните часови организирано заминување кон срцето на Солун – познатиот плоштад Аристотел, каде што ќе ја почувствуваме вистинската магија на новогодишната атмосфера! После прославата се враќаме во хотел. Ноќевање.

Појадок. После појадокот се упатуваме кон Метеори. Слободно време во метеорите за разглед, фотографии и уживање. После Метеорите се упатуваме кон Каламбака. Посета на работилницата за икони.Каламбака е живописно гратче сместено во подножјето на величествените карпи на Метеори. Слободно време за прошетка низ шармантните улички, разглед на центарот, уживање во прекрасните панорамски погледи, кафе и ручек во традиционалните грчки таверни. Прекрасна можност да се почувствува автентичната грчка атмосфера и да се создадат незаборавни спомени. После разгледот се враќаме повторно во хотел. Индивидуално време. Ноќевање.

Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон Лутраки. Слободно време за бањање во термалните води и ручек. После разгледот и слободното време се упатуваме кон Македонија.

Вклучено во цената

  • ✓Две ноќевања со хотел во околината на Солун
  • ✓Превоз со високотуристички автобус
  • ✓Посета на Метеори, и Каламбака
  • ✓Посета на Лутраки

Не е вклучено

  • ✕Влезници за во културните знаменитости
  • ✕Влезница за во бањите во Лутраки околу 5 евра
  • ✕Такса за сместување во хотел 2.50 од ноќевање - 5евра за двете ноќевања

Услови и напомени

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 6 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
  • Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат. Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАTA

Подготвени за СОЛУН ЗА НОВА ГОДИНА 2027?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.