Поаѓање во попладневните часови од пред т.а. Либеро Травел (организирани трансфер од Скопје, Велес, Св.Николе, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.
ИСТАНБУЛ СО 3 НОЌЕВАЊА 2026
8 октомври 2026
- Поаѓање
- 8 октомври 2026 · четврток
Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација
Опис на патувањето
Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Го обликувале четири силни цивилизации, грчка, римска, византиска, османлиска. Денес Истанбул претставува велеград со преку 20 милиони жители, кои работат и живеат на двата континента.Модерниот плоштад Таксим, или квартовите Бејоглу и Османбеј, ке направат да се чувствувате како во било која светска метропола, додека прошетка низ плоштадот на Султан Ахмет, неизбежно ќе ве врати илјада години назад низ времето: ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да најдете испреплетено и нераскинливо поврзување како во Истанбул. Истанбул е збир од знаменитости и музеи, звуци од галеби и улични продавачи, вкусови на традиционална храна. Истанбул е историја! Истовремено и најдобар пример за разликата меѓу сјајот и бедата на еден град, на една цивилизација.
ЦЕНА: 139 еур / 8620 ден.
Термин: 08.10-12.10.2026 / 21.10 - 25.10.2026
ПРОГРАМА:
Програма по денови
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул. Од 08 часот се започнува со панорамната обиколка прво се посетува железната црква. Железната црква „Свети Стефан“ во Истанбул е вистински бисер на брегот на Златниот Рог. ⛪Изработена од железни елементи и позната по својата уникатна архитектура, таа е едно од највпечатливите духовни и историски места во градот. Слободно време за разглед со водич, потоа се упатуваме кон патријаршијата. Вселенската патријаршија во Истанбул е едно од најзначајните духовни места на православниот свет. Разлед. Потоа се упатуваме кон Балат. Балат е едно од најшарените и најфотогенични маала во Истанбул. Познат по своите разнобојни куќи, тесни калдрмисани улички, мали кафулиња и автентична атмосфера, Балат е место каде секој агол раскажува своја приказна. На крајот од оваа панорамна обиколка го оставаме прекрасниот Таксим. Плоштадот Таксим и познатата улица Истиклал се места каде градот никогаш не запира. Светла, музика, продавници, ресторани, традиционални слаткарници и препознатливиот црвен трамвај создаваат незаборавна атмосфера. Слободно време во Таксим за шопинг и уживање. Се упатуваме кон хотел. Во 14:30 (факултатива) Аqua Florya (трговски центар) и посета на аквариумот со доплата (30евра) Слободно време за шопинг , и разглед на аквариумот. Враќање во хотел. Во 20:00 ресторан Gar (40евра) ( во менито вклучува алкохолни и безалкохолни пијалоци неограничени, салата,мезе, основно јадење (риба/микс кебап и десерт) . Шоу програма е вклучено во самата цена 3 часа, музика и пејач. Враќање во хотел.
ОТКРИЈ ЈА АЗИСКАТА СТРАНА НА ИСТАНБУЛ
Појадок. Се уптатуваме кон Азиската страна на Истанбул. Фото пауза на Беилербеи. Потоа се упатуваме кон џамијата Чамлиџа.Сместена на ридот Чамлица, на азиската страна на градот, оваа импресивна џамија плени со својата архитектура, грандиозни куполи и прекрасен ентериер.Од Чамлица се отвора прекрасна панорама кон Истанбул и Босфор – поглед кој остава без зборови. Потоа се упатуваме кон најпознатиот квартал Кузгунчук. Сместен на азиската страна, покрај Босфорот, Кузгунџук плени со своите шарени историски куќи, тесни улички, мали кафулиња и мирна, романтична атмосфера. И на крајот од полудневната прошетка се посета Mall Watergarden. Watergarden Istanbul е модерен шопинг и забавен комплекс на азиската страна на Истанбул. 🛍️✨Најголема атракција е неговиот голем базен со спектакуларни фонтани, светлосни и музички претстави, кои создаваат посебна атмосфера особено во вечерните часови. Се упатуваме кон хотел. Во вечерните часови накај 19:30 се упатуваме кон пристаништето. Вечерно крстарење со брод. Крстарењето трае 3ипол часа ( шоу програма,музика) неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци, целосно мени од избор од три јадења, салати,десерт (55 евра) . Околу 23:00 завршува програмата. Се враќаме кон хотел. Ноќевање.
Појадок. Во 08:30 наутро се упатуваме кон Принцески Острови. Факултативна посета на Принциските Острови со брод. Тргнување со брод од пристаништето. Се плови преку Мраморното Море до Островот на принцовите пловидбата трае околу 1,45 час. (– архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија.Најголемиот од нив е Бујук Ада – тоа е островот што е посетен за време на екскурзијата. На островот постојат мини електрични автобуси со кои можете да ги видите сите убавини во една обиколка. Обиколката на островот трае 30 мин. Исто така можете да изнајмите некој од прекрасните велосипеди накитени со многу разнобојни цвеќиња и да ја доживеете маѓијата на островот на посебен начин. Прекрасните рибни ресторанти покрај морето се вистинско уживање за сите туристи. Враќање кон Истанбул околу 16:00 часот...
Навечер накај 19:00 ноќна обиколка на Истанбул. Посета на Mall Venezia во Истанбул и фото пауза на мост галата (15евра).
Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Во 07:30 тргнување кон Македонија. Попатно пауза. Пристигнување во вечерните часови во Македонија.
Вклучено во цената
- ✓Превоз со високотуристички автобус
- ✓Три ноќевања со појадок во хотел 3* во близина на Капали чаршија
- ✓Придружник на патувањето од Либеро Травел
Не е вклучено
- ✕Панорамна обиколка (железна црква, патријаршија,балат,таксим плоштад) - 15евра
- ✕Аквариум Florya (влезница 30евра) трансфер само до трговскиот центар 10евра
- ✕Азиски дел (беилербеи,џамијата Чамлица,Кузгунџук,Mall WaterGarden) -35евра
- ✕Принцески острови со брод (целодневна) – 35 евра
- ✕Ноќен Истанбул посета на Venezia Mall и фото пауза на мост галата - 15eвра
- ✕Ресторант Гар - 3 часа шоу програм , ( во менито вклучува алкохолни и безалкохолни пијалоци неограничени, салата,мезе, основно јадење (риба/микс кебап и десерт) . Шоу програма е вклучено во самата цена 3 часа, музика и пејач. 40евра
- ✕Турска традиционална вечера на брод по Босфор (одделно од пакетот) – 55€ ( шоу програма,музика) неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци, целосно мени од избор од три јадења (едно да се избере), салати,десерт.
Услови и напомени
- ЦЕЛОСЕН ПАКЕТ - 225ЕВРА / СО ПОПУСТ 215 евра за цел пакет
- НАПОМЕНА: Патувањето е од туристички карактер – минимум 2 екскурзии по избор се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ!
- екскурзиите може да се комбинираат по сопствен избор
- деца до 10 год. – 30% попуст
- Патничко осигурување – 320 денари (без фрашиза).
- o НАПОМЕНА: Патувањето е од туристички карактер – минимум 2 екскрузии по избор се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ!
- Патувањето се реализира преку Бугарија- транзит до Турција
- НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
- o Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- o Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
- o Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
- o Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
- o Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
- o Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
- o Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- o Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
- o Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
- ЗА ОВА ПАТУВАЊЕ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.
Подготвени за ИСТАНБУЛ СО 3 НОЌЕВАЊА 2026?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
