Почетна / Дополнителни патувања / ПРАГА СО ДРЕЗДЕН И ВИЕНА ЗА 8МИ ДЕКЕМВРИ – БОЖИЌЕН МАРКЕТ 2026
Дополнителни патувања

ПРАГА СО ДРЕЗДЕН И ВИЕНА ЗА 8МИ ДЕКЕМВРИ – БОЖИЌЕН МАРКЕТ 2026

4 декември 2026

Поаѓање
4 декември 2026 · петок
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.

ПРОМО ЦЕНА : 169 евра / 10 480 денари

ТЕРМИНИ: 04.12.2026-07.12.2026

Организиран превоз од: Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница

ПРОГРАМА:

Програма по денови

Кочани – Скопје – Белград – Унгарија – Словачка – Прага.
Тргнување од Кочани пред туристичката агенција во 11:00 часот. Попатно застанување во Штип, Велес и Скопје. Се упатуваме кон Прага со попатни паузи и царински формалности. Ноќно возење.

Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек и прошеткa Christmas Market.. Враќање во хотел. Ноќевање.

Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни, уживање во најубавиот божиќен базар во Дрезден. Враќање во Прага. . . Предлагаме крстарење по Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

Прага – Виена.
Појадок. После појадокот, поаѓање за Виена. Слободно време во Виена, прошетка низ волшебните божиќни маркети во Виена. По завршениот разглед се упатуваме кон Македонија, со попатни паузи и царински формалности.

Пристигнување во Скопје – Кочани во утринските часови.

Вклучено во цената

  • ✓Автобуски превоз
  • ✓Две ноќевања во хотел 3* со појадок во Прага или околината на Прага
  • ✓Посета на Виена
  • ✓Организација и водство на патувањето

Не е вклучено

  • ✕Разглед на Прага со локален водич – 20 евра -
  • ✕Вечерно крстарење по В`лтава – 20 евра
  • ✕Посета на Дрезден со превоз и локален водич– 45 евра
  • ✕Патничко осигурување 270 денари
  • ✕Туристичка Такса 2.5 од ноќевање од лице
  • ✕ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ ОД 80ЕВРА
Пакет сите факултативи 80€

Услови и напомени

  • Пакет сите факултативи 80 евра -
  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 6 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на НАТА и ТА Либеро Травел.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАТА.

Подготвени за ПРАГА СО ДРЕЗДЕН И ВИЕНА ЗА 8МИ ДЕКЕМВРИ – БОЖИЌЕН МАРКЕТ 2026?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.