Почетна / Дополнителни патувања / ВИКЕНД ВО СОКО БАЊА 2026
Дополнителни патувања

ВИКЕНД ВО СОКО БАЊА 2026

27 ноември 2026

Поаѓање
27 ноември 2026 · петок
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

🌿💚 СОКОБАЊА – МЕСТО КАДЕ ШТО ПРИРОДАТА ЛЕКУВА, А ДУШАТА ОДМОРА! 🌿✨

🇷🇸 Откријте ја магијата на една од најубавите и најпознатите бањи во Србија – Сокобања!

🏞️ Опкружена со прекрасни планини, чист воздух и недопрена природа, Сокобања е вистински рај за сите кои сакаат да избегаат од секојдневниот стрес и да уживаат во мир, релаксација и убави прошетки.

Термин: 27.11 - 29.11.2026

ПРОМОТИВНА ЦЕНА 99евра од лице (6140ден)

Програма по денови

Уживајте во пријатна прошетка низ прекрасниот и уреден центар на Сокобања, едно од најпознатите туристички и бањски места во Србија! После прошетката се упатуваме кон хотел. Сместување.Слободно индивидуално време за одмор. Ноќевање.

28.11 (сабота) Појадок. После појадокот организирано кој сака ве носиме во Wellness and spa center "Soko Terme".

За сите љубители на вистински одмор и релаксација, Сокобања нуди можност за посета на прекрасниот СПА центар „Soko Terme“, познат по своите базени со топла термоминерална вода!  Соко терме има 2 затворени базени со минерална вода. Слободно време. Носење во хотел. Индивидуално време за прошетка низ Соко Бања. Ноќевање.

29.11 (недела) Појадок. После појадокот се одјавуваме од хотел.. Попатно застанување во Врање. Посета на трговски центар Зона и Лидл. После паузата се упатуваме кон Македонија.

Вклучено во цената

  • ✓2 ноќевања со појадок сместување во Хотел Моравица Соко Бања
  • ✓Превоз со високотуристички автобус
  • ✓Гратис посета на Врање / трговски центар Зона и Лидл

Не е вклучено

  • ✕Влезница за Wellness and spa center "Soko Terme" - на лице место
  • ✕Туристичка такса 2.50 од ноќевање - 5 евра за двете ноќевања

Услови и напомени

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 6 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на НАТА и ТА Либеро Травел.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАТА.

Подготвени за ВИКЕНД ВО СОКО БАЊА 2026?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.