Малта е најголемиот од трите острови на малтешкиот архипелаг .Неодоливо медитеранско доживување,со прекрасни пристаништа,фасцинантни градби ,кристални лагуни и скриени уабвини.
Teрмин:11.11-14.11.2023
Цена: 299e
Програма
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски билет на релација: Скопје – Малта – Скопје;
- Аеродромски такси
- Трансфер на релација: аеродром – хотел – аеродром на Малта;
- Сместување во хотел 3*на Малта – 3 ноќевања со појадок;
- Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
- Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
- Професионална организација на аранжманот;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Доплата за куфер од 20 kg;
- Туристичка такса 0.5 € на ден (се плаќа во хотелот на рецепција);
- Факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) – 55 €;
- Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;
- Факултативен излет – посета на Marsaxlokk (трансфер + придружник од агенцијата) – 35 €;
- Во цената на факултативните излети не е вклучен ручек;
- Индивидуални трошоци;
- Патничко – здравствено осигурување;
Напомена :
Пријавување за факултативи при уплата на арнжман.За реализација на истите потребно миниму 14 пријавени патници
Општи напомени:
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
- Важат општите услови за патување на ТА ЛИБЕРО ТРАВЕЛ