Будва, бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам.Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура.Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи.Будванската ревиера ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна карактеристика поради која се доаѓа во оваа престолнина.
Термин:13.04-16.04.2023
Цена: 99e (6140мкд)
Програма:
1 ден Кочани – Будва.
Состанок на групата во 20:00 часот пред ТА Либеро Травел и тргнување за Будва од Кочани во 20:15, од Штип во 20:45 од пред Нова Пошта, Велес во 21:15 од бензиска Мак Петрол и Скопје 22:15 од паркинг пред хотел Вип. Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден: Острог – Будва
Во утринските часови пристигнувње на Св.Стефан- Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море пауза за панорамско фотаграфирање и поаѓање за Манастирот св. Василиј Острошки, кој е сместен на високо карпест масив и е најголемото Црногорско светилиште и манастир на Балканот. Основан е од Василиј во 17 век и се верува дека моштите на св. Василиј Острошки се чудотворни. Слободно време од 2-3 часа за уживање во прекрасната природа и поклонување на моштите. По договорено време продолжуваме кон Будва., предвидено пристигнување во попладневните часови. Сместување во апартмани. Попладнето слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани.
3 ден: Будва – Дубровник
Можност за целодневен факултативен излет до Дубровник .Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија. Попладне враќање во Будва. За оние кои остануваат во Будва, денот го поминуваат индивидуално.
4 ден: Будва – Кочани
Одјавување од апартманите, слободно време до 13часот во Будва. Заминување кон Македонија со попатни паузи преку Албанија и Косово се враќаме во Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Во цената се пресметани следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација
- Сместување во апартмани во Будва на база 2 ноќевања
- Туристичка такса во Будва
- Организација и пратител на патувањето
Во цената не се пресметани следните услуги:
- Влезници за посети
- Еднодневна екскурзија Дубровник 30 Еур
- Патничко осигурување 250 денариВажат општите услови за патување на Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ