Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Сместување во хотелот по 14:00 часот. Доколку има слободни соби при пристигнувањето, патниците ќе бидат веднаш сместени, а во спротивно багажот ќе биде оставен на рецепцијата.
Пред пладне, организиран трансфер до познатата тркачка патека TOSFED Istanbul Park, која се наоѓа во азискиот дел на Истанбул.
Можност за следење на слободните тренинзи на Формула 1 и уживање во атмосферата на ова спектакуларно натпреварување.
Во вечерните часови враќање во хотелот.
Факултативно, можност за вечера на луксузен брод на Босфорот, со музичка и шоу-програма, вечера и неограничена консумација на локални алкохолни и безалкохолни пијалаци. Во цената е вклучен и трансферот. Ноќевање.