Тргнување од Кочани пред туристичката агенција во 11:00 часот претпладне. Попатно застанување во Штип, Велес и Скопје. Се упатуваме кон Прага со попатни паузи и царински формалности. Денско и ноќно возење.
ПРАГА СО ДРЕЗДЕН И ВИЕНА 2027
5 март 2027
Опис на патувањето
Прага е град што изгледа како да излегол од стара бајка. Калдрмисаните улици, готските кули и светлата што се одразуваат во реката Влтава му даваат посебна атмосфера, особено навечер. Еден од најпознатите симболи е Карловиот мост, каде што туристи, уметници и музичари создаваат жив дух во текот на целиот ден.
Во срцето на градот се наоѓа Стариот градски плоштад со познатиот астрономски часовник, кој со векови ја привлекува љубопитноста на посетителите. Над градот се издига и Прашкиот замок — еден од најголемите замоци во светот и важен историски симбол на Чешка.
ТЕРМИНИ: 05.03 - 08.03.2027
Организиран превоз од: Виница,Штип,Кочани,Овче Поле,Велес,Скопје,Куманово
Каменица и Делчево – повеќе од 10 лица ако има.
ЦЕНА: 159eвра ( 9860ден)
ПРОГРАМА:
Програма по денови
Очекувано пристигнување во Прага во утринските часови. Од тука групата веднаш се упатува на разглед на Стариот град со локален водич, прекрасниот Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. По разгледот следува слободно време за ручек. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
07.03 – Прага – Дрезден – Прага. Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по Втората светска војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.п.н.е. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на „Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да Ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. . . Предлагаме крстарење по Влтава. Прекрасно вечерно крстарење од каде се поминува низ срцето на Прага. По завршувањето на крстарењето следува слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. После појадокот, поаѓање за Виена. Виена е главниот град на Австрија и еден од најубавите и најкултурни градови во Европа. Градот се наоѓа на реката Дунав и е познат по својата царска историја, величествена архитектура и богат музички живот. Разглед на Виена, слободно време за кафе,ручек, шопинг и индивидуални активности. По договореното време тргнуваме за Македонија.
Пристигнување во Скопје – Кочани во утринските часови
Вклучено во цената
- ✓Автобуски превоз
- ✓Две ноќевања во хотел 3* со појадок во Прага или околината на Прага
- ✓Организација и водство на патувањето
Не е вклучено
- ✕Разглед на Прага со локален водич – 20 евра – задолжителна факултатива
- ✕Вечерно крстарење по В`лтава – 20 евра
- ✕Посета на Дрезден – 45 евра
- ✕Патничко осигурување 320 денари
- ✕Туристичка Такса 2.5 од ноќевање од лице
Услови и напомени
- ПАКЕТОТ ОД 80ЕВРА ФАКУЛТАТИВИ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН!
- Сите патници кои што се пријавени за овој аранжман задолжително мора да ги платат овие факултативи без исклучоци.
- ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ПОДЛЕЖАТ НА ПРОМЕНИ ЗАВИСНО УСЛОВИТЕ.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
- Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
- Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
- Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
- За овој аранжман важат општите услови на Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.
- НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
- Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАTA.
- – Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
Подготвени за ПРАГА СО ДРЕЗДЕН И ВИЕНА 2027?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
