Поаѓање во 19.00 часот преку Србија, возење со попатни одмори, ноќно возење.
ЗАГРЕБ ЗА НОВА ГОДИНА 2027
30 декември 2026
- Поаѓање
- 30 декември 2026 · среда
Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација
Опис на патувањето
Загреб е град израснат од две населби, на два соседни рида, кои што го сочинуваат јадрото на денешен Загреб и неговиот стар град. Денес, Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќајен и научен центар на Хрватска. Стариот и новиот град се сметаат за споменицина културата, кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век.
Термин: 30.12 - 02.01.2027
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД КОЧАНИ,ШТИП,ОВЧЕ ПОЛЕ,ВЕЛЕС,СКОПЈЕ,КУМАНОВО.
ПРОМО ЦЕНА: 169евра ( 10 480 ден)
Програма по денови
Пристигнување во Загреб во утринските часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание… Во попладневните часови сместување во хотел. Дочек на Новата година на главниот плоштад Бан Јелачиќ, во празнична атмосфера, со музика, забава и илјадници посетители од различни земји. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Поаѓање (факултативен излет) за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Слободно индивидуално време за прослава на втора новогодишна вечер во Загреб. Ноќевање..
Појадок во раните утрински часови околу 07 часот. После појадокот се одјавуваме. И попатно застануваме Белград- посета на Београд на Води. Слободно време за прошетка покрај Сава и шопинг во ТЦ Galerija. После завршениот разглед се упатуваме во Македонија со попатни паузи и царински формалности.
Вклучено во цената
- ✓Автобуски превоз на дадената релација
- ✓Сместување во хотел со 3*на база 2 ноќевања со појадок во Загреб
- ✓Придружник на групата
- ✓Слободно време Белград на води и ТЦ ГАЛЕРИЈА
Не е вклучено
- ✕Здравствено патничко осигурување (320 ден)
- ✕Посета на Љубљана со водич-40 евра
- ✕Разглед на Загреб со водич - 20евра ( задолжителна
Услови и напомени
- Здравствено патничко осигурување (320 ден)
- Посета на Љубљана со водич-40 евра
- Разглед на Загреб со водич - 20евра ( задолжителна факултатива)
- Туристичка такса за сместување во Загреб 5е за двете ноќевања -задолжително
- Влезници за културно историските споменици
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
- Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување. Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот.
- Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
- Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
- НАПОМЕНИ: - Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд - Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување. - Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства - Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
- Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума. Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
- НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат. Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место. Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАTA.
Подготвени за ЗАГРЕБ ЗА НОВА ГОДИНА 2027?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
