Состанок на групата во вечерните часови околу 20 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
БУДВА НОВА ГОДИНА 2027
ЦРНА ГОРА
- Поаѓање
- 30 декември 2026 · среда
- Дестинација
- ЦРНА ГОРА
- Траење
- 2 ноќевања
Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација
Опис на патувањето
НОВОГОДИШНА МАГИЈА НА ЈАДРАНОТ. БУДВА-ДУБРОВНИК-ТИВАТ-КОТОР
30.12 - 02.01.2027
ПРОМОТИВНА ЦЕНА 99евра - 72 часа / редовна цена 109евра ( 6760ден)
Организиран автобуски превоз: Kочани,Штип,Овче Поле,Велес,Скопје.
Tрансфер за повеќе од 10 патници Виница,Каменица,Делчево.
Програма по денови
Пристигнување во Будва. Слободно време за прошетка. Сместување во апартмани. Вечерта дочек на новата 2027 година на плоштад во Будва со познати музички звезди (индивидуално) – дочек со популатната звезда ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК. Враќање во апартманите.. Ноќевање.
Во утринските часови тргнување факултативно за Дубровник.Прошетка низ прекрасниот Стар град, кој се наоѓа на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, разглед на познатата улица Страдун, фонтаната Онофрио, историските плоштади и живописните камени улички. Слободно време за индивидуални прошетки, кафе, фотографии и создавање незаборавни спомени во градот кој со право го носи прекарот „Бисерот на Јадранот“. После разгледот се враќаме во Будва. Слободно време во хотел за одмор. Забава во Бар, прослава на втора новогодишна вечер со познатата музичка звезда ДИНО МЕРЛИН. Ноќевање.
Рано тргнување за Тиват. Посета на прекрасниот Тиват, еден од најелегантните градови на црногорското приморје, познат по својата модерна архитектура, прекрасното крајбрежје и луксузната марина Порто Монтенегро. После прошетката во Тиват се упатуваме кон Котор.
Продолжуваме кон волшебниот Котор, еден од најубавите историски градови на Јадранот, сместен во прекрасниот Бококоторски Залив. Во попладневните часови се упатуваме кон Македонија.
Вклучено во цената
- ✓Две ноќевања во вила во центарот на Будва
- ✓Организиран превоз
- ✓Трансфер до Бар - дочек на втора новогодишна вечер со Дино Мерлин
Не е вклучено
- ✕Посета на Дубровник - 35евра
- ✕Посета на Котор и Тиват задолжителна факултатива - 30евра
- ✕Такса за сместувањето 2.50 од ноќевање - 5евра за двете ноќевања
Услови и напомени
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот. Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување. Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот.
- Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
- Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
- Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
- НАПОМЕНИ: - Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд - Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување. - Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства - Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена. - Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума. Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
- НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат. Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место. Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАTA.
Подготвени за БУДВА НОВА ГОДИНА 2027?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
