Состанок со групата пред агенција Либеро Травел во попладневните часови.Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
БУДИМПЕШТА СО ВИЕНА CHRISTMAS MARKET 2026
3 декември 2026
- Поаѓање
- 3 декември 2026 · четврток
Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација
Опис на патувањето
Опис
Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
ПРОМО ЦЕНА: 219e ЕВРА ( 13 580ден)
ТЕРМИНИ: 03.12 - 07.12.2026
Програма
Програма по денови
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич (20 евра по лице): плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта се упатуваме кон CHRISTMAS MARKET. Слободно време за одмор. Враќање кон хотел. Ноќевање.
Појадок.Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Вечертa одиме на факултативно крстарење по реката Дунав. По завршување посета на Божиќниот пазар на некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање.
Појадок. Веднаш после појадокот се упатуваме кон Виена. Целодневен разглед на Виена и посета на CHRISTMAS MARKET. Во вечерните часови се упатуваме кон Будимпешта. Ноќевање.
Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Враќање назад за Македонија со попатни паузи и царински формалности.
Вклучено во цената
- ✓Автобуски превоз на наведената релација
- ✓3 ноќевања со појадок во Хотел 3* во околина на Будимпешта
- ✓Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- ✓Организиран целодневен разглед на Виена и Christmas Marketite.
Не е вклучено
- ✕Разглед на Будимпешта со локален водич -20 евра - задолжителна факултатива
- ✕Крстарење со брод по реката Дунав – 25 евра
- ✕Посета на Сент Андреа – 20 евра
- ✕Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање (се плаќа во агенција)
- ✕Патничко осигурување – 320 ден.
Услови и напомени
- СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ – со сите вклучени факултативи 60ЕВРА
- РАЗГЛЕДОТ НА БУДИМПЕШТА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА.
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- За овој аранжман важат општите услови на патување на ТА ЛИБЕРО ТРАВЕЛ
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
- За овој аранжман важат општите услови на Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.
Подготвени за БУДИМПЕШТА СО ВИЕНА CHRISTMAS MARKET 2026?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
