УРАНОПОЛИС СО СВЕТА ГОРА – КРСТАРЕЊЕ ОКОЛУ МАНАСТИРИТЕ
Опис на патувањето
Нема актуелен термин, дополнително за 2027 ќе бидат објавени
Уранополис е мало, шармантно гратче на полуостровот Халкидики и последната точка пред влезот во Света Гора. Познат е по својата византиска кула од 14 век, прекрасното пристаниште и мирната атмосфера.
Тука започнуваат крстарењата околу манастирите на Атос – вистинско духовно и визуелно доживување.
Тргнување во вечерните часови од пред Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ. Ноќно возење преку граничен премин Богородица со попатни паузи за царински формалности и одмор.Прво Се упатуваме кон манастир Каково. Разглед на манастирот 30 мин. По договореното време се упатуваме кон Уранополис, предвидено пристигнување во утрински часови, каде патниците ќе имаат слободно време за прошетка покрај море, кафе и релаксирање. Во 10:00 часот отпловување со брод од Уранополис и крстарење околу Света Гора, каде што ќе има водич кои што ќе презентира за секој манастир подетално додека крстарете и да ја доживеете магијата на манастирите во една вистинска духовна смисла. крстарењето трае 3/3ипол часа. Враќање во Уранополис некаде околу 13:00 и слободно време за ручек и инвидиуални активности. Околу 17:00 часот тргнуваме за Македонија.
САМАТА ПРОГРАМА ПОДЛЕЖИ НА ПРОМЕНИ. АГЕНЦИЈАТА МОЖЕ ДА ЈА ПРОМЕНИ ПРОГРАМАТА ВО ЗАВИСНОСТ ОД УСЛОВИТЕ НА САМО МЕСТО.
Во цената е вклучено:
Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
Услови и напомени
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање. Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи ,за секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. Либеро Травел и на самата агенција. Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Либеро Травел и СКТМ.
Подготвени за УРАНОПОЛИС СО СВЕТА ГОРА – КРСТАРЕЊЕ ОКОЛУ МАНАСТИРИТЕ?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
