Поаѓање од Кочани од пред агенцијата Либеро Травел. Патување преку граничен премин Делчево. Ноќно патување со преминување на граничните премини Капитан Андреево и Капикуле.
ИСТАНБУЛ ДЕН НА ЛАЛЕТО 2027
1 април 2027
Опис на патувањето
Термини: Секој четврток во текот на април / ХИТ ТЕРМИН ЗА ВЕЛИГДЕН И 1ВИ МАЈ 29.04 - 02.05
Термини и цени
ИСТАНБУЛ – ФЕСТИВАЛ НА ЛАЛИЊАТА 🌷
ПРОМО ЦЕНА ЗА ПРИЈАВИ ДО 31.12 - 99евра
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
Програма по денови
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови.
Панорамски разглед на Истанбул – слободно време за фотографирање. Продолжуваме со прошетка низ старата еврејска населба Балат, која го зачувала својот шарм со старата архитектура, живописните улички и разнобојните градби.
Посета на железна црква „Св. Стефан“.
Посета на паркот Емирган, каде што секоја година се одржува познатиот Фестивал на лалињата. Можност да уживате во прекрасните цветни композиции, разновидните бои и волшебната пролетна атмосфера. Слободно време за прошетка и фотографирање.
Посета на трговскиот центар Aqua Florya. Слободно време за прошетка и шопинг на светски познати брендови со попусти.
По желба, посета на еден од најголемите аквариуми во Истанбул (со дополнителна доплата).
Во вечерните часови, факултативно:
Турска вечер на панорамски брод-ресторан по Босфорот со атрактивна забавна програма (со дополнителна доплата). Ноќевање.
Крстарење со брод по Босфорот (со дополнителна доплата) – пловењето трае околу еден час и триесет минути и претставува незаборавно доживување.
За време на крстарењето ќе имате можност да ги видите султанската палата Долмабахче, палатата Чираган – поранешна султанска резиденција, претворена во еден од најпрестижните хотели во светот, населбата Ортакој – омилено место на младите и уметниците во Истанбул, одбранбените тврдини Румели Хисар и Анадолу Хисар, летната султанска палата Бејлербеј и Моминската кула.
Околу пладне, по желба, посета на азискиот дел на Истанбул, џамијата Чамлица и трговскиот центар WATERGARDEN ISTANBUL (со дополнителна доплата). Ноќевање.
Појадок. Поаѓање во раните утрински часови кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови или после полноќ.
Вклучено во цената
- ✓Превоз со удобен туристички автобус
- ✓2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Истанбул
- ✓Панорамски разглед на Истанбул
- ✓Прошетка низ живописната населба Балат
- ✓Посета на железната црква „Св. Стефан“
- ✓Посета на паркот Емирган – Фестивал на лалињата
- ✓Пешачка прошетка по познатата улица Истиклал и до кулата Галата
- ✓Придружник од туристичката агенција
Програма на патување — факултативи (доплата)
| Факултативни екскурзии | Возрасни | Деца до 10 год. |
|---|---|---|
| Трансфер до Aqua Florya Mall | 10 € | 7 € |
| Влезница за аквариумот | 30евра | 25евра |
| Вечера на јахта по Босфорот со шоу-програма | 55 € | 35 € |
| Крстарење со брод по Босфорот - задолжително | 25 € | 15 € |
| Посета на џамијата Чамлица и Watergarden Istanbul - задолжително | 35 € | 30 € |
Услови и напомени
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот. Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата. Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот. Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување. Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите. Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците. Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција. Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување. Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена. Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума. Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор. НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат. Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место. Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАTA
Подготвени за ИСТАНБУЛ ДЕН НА ЛАЛЕТО 2027?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
