Почетна / Патувања во февруари / Ден на вљубените и фестивал на мимозите на ЈАДРАНСКОТО МОРЕ
Патувања во февруари

Ден на вљубените и фестивал на мимозите на ЈАДРАНСКОТО МОРЕ

11 февруари 2027

Поаѓање
11 февруари 2027 · четврток
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Термин: 11.02 - 15.02.2026

ПРОМОТИВНА ЦЕНА 99евра до 25.12.2026

Програма по денови

11.02 (четврток) Tргнување во вечерните часови од пред агенцијата Либеро Травел. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Будва. Слободно време за прошетка и разглед на Будва и стариот град на Будва.Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови, факултативно поаѓање кон Игало, каде што ќе присуствуваме на свеченото отворање на 57. Фестивал на мимозите, со концерт на популарниот српски пејач Владо Георгиев.Вечерта продолжува со голема забава и концерт на Владо Георгиев, на платото пред хотелот Игало.
Во договорено време, враќање во Будва. Ноќевање.

13.02 (сабота) Во утринските часови кон Тиват и посета на Порто Монтенегро, една од најлуксузните марини на Јадранот. Слободно време за прошетка покрај јахтите, кафе во модерните локали или индивидуални активности.
По посетата продолжуваме кон Херцег Нови, поточно кон Баошиќи, каде што се одржува главната свеченост со која официјално се отвора Фестивалот на мимозите.
Улиците се исполнети со дефиле на мажоретки и настапи на Градскиот оркестар, кои на посетителите им подаруваат гранчиња мимоза – препознатливиот симбол на фестивалот и цвет кој расцветува токму во февруари, најавувајќи ја пролетта. Фестивалот се одржува низ целиот Херцег Нови, но главните настани се сместени долж ривиерата, во Баошиќи и Џеновиќи. Баошиќи претставува срцето на фестивалот, со големото дефиле, улични настапи, бесплатна дегустација на риба и вино, и најжива атмосфера, додека Џеновиќи нуди музички концерти, прошетки по шеталиштето и дополнителни активности.
Во договорено време, во попладневните часови, враќање во Будва. Слободно време за индивидуални активности и прошетка. Ноќевање.

14.02. (недела) Во утринските часови тргнуваме кон Котор. Котор е еден од најубавите и најромантичните градови на црногорското приморје, сместен помеѓу величествените планини и прекрасното Јадранско Море. После разгледот на Котор се упатуваме кон Бар. Слободно време во Бар, разглед и прошетка покрај морето. Надворешен разглед на Дворецот на кралот Никола кои што се наоѓа во центарот на Бар. По договореното време се упатуваме кон Македонија.

Вклучено во цената

  • ✓2 ноќевања
  • ✓Превоз на наведената релација
  • ✓Посета на берба на мимозите – Фестивал на рибата и виното
  • ✓Посета на Тиват и Портомонтенегро
  • ✓Организација на патувањето и туристички придружник

Не е вклучено

  • ✕Факултативна посета на Игало (свечено отворање на фестивалот на Мимозите со концерт на Владо Георгиев) – 15 евра
  • ✕Факултативна посета на Kотор и Бар– 20 евра
  • ✕Задолжителна доплата за туристичка такса 5€ по лице за двете ноќевања
  • ✕Патничко осигурување (320ден)

Услови и напомени

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот. Т.а. Либеро Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањетo. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите. Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 6 дена пред терминот на тргнување.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
  • При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
  • Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Либеро Травел и СКТМ

Подготвени за Ден на вљубените и фестивал на мимозите на ЈАДРАНСКОТО МОРЕ?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.