Почетна / Патувања во февруари / БЕЛГРАД ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ 2027
Патувања во февруари

БЕЛГРАД ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ 2027

13 февруари 2027

Поаѓање
13 февруари 2027 · сабота
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

✨ Белград е град со посебна енергија, богата историја, прекрасни знаменитости и незаборавна атмосфера!

🏙️ Прошетајте по познатата Кнез Михаилова улица, уживајте во прекрасниот поглед од Калемегдан, откријте го шармот на Скадарлија и почувствувајте ја магијата на градот на сливот на Сава и Дунав.

Tермин: 13.02 - 14.02.2027

Промотивна цена: 89евра - 5520ден до 05.12

Програма по денови

Состанок на групата по договорено време тргнување за Белград во 00.30 часот од пред ТА Либеро Травел. Попатно земање на патниците од Штип, Велес, Скопје и Куманово.. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на шопинг центар Галерија и Београд на Води. После шопингот и слободното време се упатуваме кон панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње. Разглед со водич , потоа слободно индивидуално време. Во попладневни часови се сместуваме во хотел. Слободно индивидуално време.Ноќевање.

Појадок. После појадокот се одјавуваме и тргнуваме за Ниш. Попатно правеме пауза и разглед на Нишка Тврдина, посета на центарот на Ниш слободно индивидуално време. После завршениот разглед се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Вклучено во цената

  • ✓1 ноќевање со појадок
  • ✓Превоз со високотуристички автобус
  • ✓Организација и водство на патувањето
  • ✓Разглед на Белград со локален водич
  • ✓Посета на Галерија и Београд на Води
  • ✓Посета на Ниш и Нишка Тврдина

Не е вклучено

  • ✕Здраствено осигурување индивидуално 250ден
  • ✕Туристичка такса за во хотел 250 ден задолжително
  • ✕Влезници за во културни знаменитости

Услови и напомени

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот. Т.а. Либеро Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите/апартманите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањетo. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на хотелот/апартманот ја надоместува штетата на на лице место.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите. Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку нема доволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 6 дена пред терминот на тргнување.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
  • При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
  • Со оваа програма важат Општите услови на т.а. Либеро Травел и СКТМ.

Подготвени за БЕЛГРАД ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ 2027?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.