Почетна / Авионски патувања / Милано и Комо АВИОНСКА ПОНУДА 2027
Авионски патувања

Милано и Комо АВИОНСКА ПОНУДА 2027

Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

МИЛАНО  - Милано е модерен и динамичен град, познат како светска престолнина на модата, дизајнот и бизнисот. Покрај луксузните бутици и елегантните улици, градот нуди богато културно и историско наследство. Симбол на Милано е величествената Катедрала Дуомо, една од најубавите готски цркви во Европа, а во близина се наоѓа прочуената галерија Виторио Емануеле II со своите ексклузивни продавници и кафулиња. Љубителите на уметноста можат да го посетат манастирот каде се чува ремек-делото „Тајната вечера“ од Леонардо да Винчи. Милано е одлична почетна точка за истражување на северна Италија, а посетителите уживаат во неговата врвна гастрономија, живописниот ноќен живот и бројните културни настани. Градот совршено ги спојува традицијата и современиот начин на живот, нудејќи незаборавно искуство за секој посетител.

Езерото Комо  - едно од најубавите и најпознатите езера во Италија, опкружено со величествени Алпи, живописни села и луксузни вили. Познато по својата природна убавина и елегантна атмосфера, тоа е омилена дестинација за љубителите на природата, романтичните патувања и мирниот одмор. Шармантните места како Белаџо, Варена и Комо нудат прекрасни прошетки, традиционална италијанска кујна и незаборавни погледи кон кристално чистите води на езерото

Програма 1 ден

Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Милано Бергамо  во 19:00 часот, слетување во 21:00 часот. Следува организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

Програма по денови

Појадок. Разглед на Милано. Плоштадот Palazzo Sforzesco, Duomo Square и катедралата, галеријата шопинг центар  Vittorio Emanuele II Gallery, театарот. Тргнување за езерото Гарда, разглед околу 1 час. Заминување за Riva del Garda. Разглед 30мин, факултативно прошетка со фреиброд до  Limone Sul Garda, враќање со брод до Malcesine. Краток разглед. Заминување за Sirmione со кратка посета. Враќање за Милано. Патувањето трае околу 2 часа.  Ноќевање.

Појадок. Поаѓање за Езерото Комо. Патувањето трае околу 1 час. Прво посета на Комо , потоа посета наTremeso Факултативно возење со фери брод до Bellagio. Враќање со брод до Mennagio и краток разглед. Заминување за Лугано. Сместување во хотел во близина на Лугано. Ноќевање.

Појадок. Разглед на Лугано околу 2 часа со посета на главните споменици San Lorenzo Cathedral, Santa Maria Church, Parco Ciani, Piazza della Riforma. Потоа продолжува посета на езерото Маџоре. Патувањето трае околу 1 час. Потоа следуваат кратки посети на  Locarno, Cannobio и Verbania. Трансфер до аеродром Полетување за Скопје во 21:25 часот, пристигнување во 23:15 часот.

- 25 евра

-Фери брод Tremeso - Bellagio - Mennagio  - 25 евра

Напомена

-Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај, програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.

-Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.

-Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.

-Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или  други настанати околности.

ЗА ОВОЈ АРАНЖМАН ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.

Вклучено во цената

  • ✓Авио билет на релација Скопје – Милано - Скопје со Wizzair
  • ✓Аеродромски такси
  • ✓Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • ✓3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • ✓Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • ✓Организирани панорамски разгледи според прогрaмата
  • ✓Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
  • ✓Туристичка такса

Не е вклучено

  • ✕Сѐ што не е наведено во програмата
  • ✕Влезници за музеите и другите културно -историски споменици
  • ✕Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенциски претставник
  • ✕Фери брод: Riva del Garda - Limone sul Garda - Malcessine - 25 евра
  • ✕Фери брод Tremeso - Bellagio - Mennagio - 25 евра

Услови и напомени

  • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај, програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
  • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
  • ЗА ОВОЈ АРАНЖМАН ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.

Подготвени за Милано и Комо АВИОНСКА ПОНУДА 2027?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.