Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Рим во 17:10 часот, слетување во 18:55 часот. Следува организиран трансфер до Фиренца. Сместување во хотел. Ноќевање.
ФИРЕНЦА И РИМ АВИОНСКА ПРОГРАМА
Опис на патувањето
ФИРЕНЦА - Италијанската Атина, град со некои од највредните културно-историски споменици во светот. Внатрешноста на многубројните цркви, палати и галерии крие цел универзум на врвни дела од визуелната уметност. Првиот голем успех како град на уметноста Фиренца го доживува во XV век, за време на доминацијата на семејството Медичи, кога е родена и ренесансата.
РИМ - Сите патишта водат во Рим, срцето на Италија, Вечниот град или „Caput Mundi“, град создаден како свет за себе. Неговата историја долга 3.000 години ја обликува природата на Рим, создавајќи единствена целина каква што не може да се најде никаде на друго место во светот. Да се посетат Римскиот амфитеатар – Колосеумот, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, Пантеон или квартот Трастевере е задолжително – инаку би било како воопшто да не сте го посетиле овој вечен град.
26.12.2026 - 29.12.2026 -858евра за 2 лица
13.02.2027 - 16.02.2027 - 838евра за 2 лица
Програма
Програма по денови
Појадок. Организиран панорамски разглед на Фиренца со посета на следниве културно-историски знаменитости: Piazza della Signoria – главниот плоштад, прошетка по Piazza del Duomo – плоштадот со катедралата, Piazza San Lorenzo, Museo Davide – музеј со познати скулптури, Piazza Santa Maria Novella, црквата San Trinita, Ponte Vecchio – историскиот мост и Pitti Palace. Трансфер до Рим, патувањето трае околу 3 часа со кратки паузи. Сместување во хотел.. Ноќевање.
Појадок. Организиран разглед на Рим: Piazza del Popolo – познат плоштад со три порти, Via del Corso – главната пешачка улица, Fontana di Trevi – прочуената фонтана, Pantheon – античкиот храм, Piazza Venezia – централниот плоштад, Piazza Navona – барокен плоштад, и Колосеумот – најпознатиот римски амфитеатар. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Поаѓање за Ватикан – посета на плоштадот Свети Петар, Ватиканските музеи и замокот Sant’Angelo. Трансфер до аеродром во Рим. Полетување за Скопје во 18:20часот, пристигнување во 20:05 часот.
-
Вклучено во цената
- ✓-Аеродромски такси
- ✓-Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
- ✓-3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- ✓-Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- ✓-Организирани панорамски разгледи според прогармата
- ✓-Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Рим и Фиренца
- ✓-Туристичка такса
- ✓-Авио билет
- ✓
Не е вклучено
- ✕-Влезници за музеите и другите културно -историски споменици
- ✕-Влез во Ватикан без водич
- ✕-Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенцискиот претставник.
- ✕
Услови и напомени
- Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
- Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
- Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
- За овој аранжман важат општите услови на Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.
Подготвени за ФИРЕНЦА И РИМ АВИОНСКА ПРОГРАМА?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
