МАНАСТИР ЛЕШЈЕ И РЕШАВСКА ПЕШТЕРА ЕДНОДНЕВНА 2026
8 ноември 2026
Опис на патувањето
✨ Совршена комбинација од природа, историја и духовност – место кое вреди да се посети!
🫶Термини:
08.11.2026
Цена: 1600ден
Влезница дополнително 5 евра ( се плаќа индивидуално на лице место кој сака )
👉Организиран превоз од: Koчани,Штип,Велес,Овче Поле,Велес,Скопје,Куманово
😎Трансфер од Делчево и Каменица 10 патници - 200 ден
📍Програма: Tргнувањето е во раните утрински часови. Прво се упатуваме кон Ресавска Пештера. Ресавската пештера е една од најпознатите и најубавите туристички пештери во Србија. Се наоѓа во источна Србија. Пештерата е стара повеќе од 80 милиони години и претставува вистинско природно богатство. Внатре се наоѓаат импресивни сталактити и сталагмити, како и различни камени форми кои природата ги создавала илјадници години. Организиран разглед со водич низ самата пештера. Слободно време за кафе/ручек во близина на пештерата. Од како ќе се заврши разгледот во пештерата, се упатуваме во близина на пештерата слободно време за ручек/ кафе. По договореното време се упатуваме кон Манастир Лешје. Манастирот е познат по тоа што таму се наоѓаат честички од моштите на Света Петка, кои се донесени во манастирот и се почитуваат од многу верници. Поради тоа, многу луѓе доаѓаат таму на поклонување и молитва, особено верувајќи дека светителката помага за здравје и духовен мир.
По договореното време накај 17:00 се упатуваме кон Македонија.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат. Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАTA.
Подготвени за МАНАСТИР ЛЕШЈЕ И РЕШАВСКА ПЕШТЕРА ЕДНОДНЕВНА 2026?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
