Патувања во декември

ИСТАНБУЛ 2026

2 ноќевања

2Ноќевања
Поаѓање
9 октомври 2026 · петок
Траење
2 ноќевања
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Опис

Истанбул е збир од знаменитости и музеи, звуци од галеби и улични продавачи, вкусови на традиционална храна. Истанбул е историја! Истовремено и најдобар пример за разликата меѓу сјајот и бедата на еден град, на една цивилизација.

ПРОМО ЦЕНА 119 еур (7380ден)

Термин:

04.12 - 07.12.2026

Програма по денови

Поаѓање во попладневните часови од пред т.а. Либеро Травел (организирани трансфер од Скопје, Велес, Св.Николе, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево).
Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел околу 08:00 часот. Од 08 часот се започнува со панорамната обиколка прво се посетува железната црква. Железната црква „Свети Стефан“ во Истанбул е вистински бисер на брегот на Златниот Рог. ⛪Изработена од железни елементи и позната по својата уникатна архитектура, таа е едно од највпечатливите духовни и историски места во градот. Слободно време за разглед со водич, потоа се упатуваме кон патријаршијата. Вселенската патријаршија во Истанбул е едно од најзначајните духовни места на православниот свет. Разлед. Потоа се упатуваме кон Балат. Балат е едно од најшарените и најфотогенични маала во Истанбул. Познат по своите разнобојни куќи, тесни калдрмисани улички, мали кафулиња и автентична атмосфера, Балат е место каде секој агол раскажува своја приказна. На крајот од оваа панорамна обиколка го оставаме прекрасниот Таксим. Плоштадот Таксим и познатата улица Истиклал се места каде градот никогаш не запира. Светла, музика, продавници, ресторани, традиционални слаткарници и препознатливиот црвен трамвај создаваат незаборавна атмосфера. Слободно време во Таксим за шопинг и уживање. Се упатуваме кон хотел. Во 14:30 (факултатива трансфер 10евра) Аqua Florya (трговски центар) и посета на аквариумот со доплата (30евра) Слободно време за шопинг , и разглед на аквариумот. Враќање во хотел.  Во вечерните часови накај 19:30 се упатуваме кон пристаништето. Вечерно крстарење со брод. Крстарењето трае 3ипол часа ( шоу програма,музика) неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци, целосно мени од избор од три јадења, салати,десерт (55 евра) . Околу 23:00 завршува програмата. Се враќаме кон хотел. Ноќевање.

Појадок.По појадокот во 08:00 организирано дневно крстарење по Босфор. Вистинско уживање во градот. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар. Ќе имате можност да ги фотографирате прекрасните Долмабахче, дворецот Јилдиз, Чифте Сарај. Потоа бродот се упатува ко Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили каде се снимени повеќето од турските серии. Враќање во хотел. Организирано полудневна факултатива за азиски дел. Прво се упатуваме кон Беилербеи , кратка фото пауза.  Потоа се упатуваме кон џамијата Чамлиџа.Сместена на ридот Чамлица, на азиската страна на градот, оваа импресивна џамија плени со својата архитектура, грандиозни куполи и прекрасен ентериер.Од Чамлица се отвора прекрасна панорама кон Истанбул и Босфор – поглед кој остава без зборови. Потоа се упатуваме кон најпознатиот квартал Кузгунчук. Сместен на азиската страна, покрај Босфорот, Кузгунџук плени со своите шарени историски куќи, тесни улички, мали кафулиња и мирна, романтична атмосфера. И на крајот од полудневната прошетка се посета Mall Watergarden. Watergarden Istanbul е модерен шопинг и забавен комплекс на азиската страна на Истанбул. 🛍️✨Најголема атракција е неговиот голем базен со спектакуларни фонтани, светлосни и музички претстави, кои создаваат посебна атмосфера особено во вечерните часови. Попатно застануваме во продавницата Коска за слатки работи. Кратка пауза. Се упатуваме кон хотел. Навечер накај 19:00 ноќна обиколка на Истанбул. Посета на Mall Venezia во Истанбул и фото пауза на мост галата (15евра).

Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.

Вклучено во цената

  • ✓Превоз со високотуристички автобус
  • ✓Две ноќевања со појадок во хотел со 3* близина на Капали чаршија / хотелот се дознава 2 дена пред поаѓање
  • ✓Придружник од Либеро Травел
  • ✓Продавница Коска

Не е вклучено

  • ✕ Панорамна обиколка (железна црква, патријаршија,балат,таксим плоштад) – 15евра
  • ✕Дневно крстарење со брод - 25евра
  • ✕ Аквариум Florya (влезница 30евра) трансфер само до трговскиот центар 10евра
  • ✕Азиски дел (беилербеи,џамијата Чамлица,Кузгунџук,Mall WaterGarden) –35евра
  • ✕ Ноќен Истанбул посета на Venezia Mall и фото пауза на мост галата – 15eвра
  • ✕ Турска традиционална вечера на брод по Босфор – 55€ ( шоу програма,музика) неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци, целосно мени од избор од три јадења (едно да се избере), салати,десерт.ЦЕЛОСЕН ПАКЕТ – 175евра / СО ПОПУСТ 165 евра за цел пакетДВЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ФАКУЛТАТИВИ!!
ЦЕЛОСЕН ПАКЕТ 175€ 165€

Услови и напомени

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 6 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
  • Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАTA.

Подготвени за ИСТАНБУЛ 2026?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.