БУДВА – НОВА ГОДИНА 2026
Опис на патувањето
Будва за Нова Година e популарна поради Балканските изведувачи и прекрасната програма на плоштад. На ова екскурзија имате можност да ги посетите Дубровник, Котор и Тиват.
Состанок на групата во вечерните часови и поаѓање кон Црна Гора. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи.
Пристигнување во Будва во утринските часови, разглед на градот. Сместување. Слободно време за индивиуални активности. .Вечерта дочек на Новата 2026 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт на ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИК или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Во најлудата ноќ програмата на централната бина. Враќање во хотел. Ноќевање
01.01.2027 - БУДВА - ДУБРОВНИК
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Враќање во Будва. Забава на плоштад за втората новогодишна вечер. Или дополнителна опција БАР - СО ДИНО МЕРЛИН. Ноќевање.
02.01.2027 БУДВА –ТИВАТ – КОТОР- МАКЕДОНИЈА
Одјавување од хотелот. Заминување на факултативните прошетки. Првото место што се посетува е местото Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Македонија после полноќ.
Што е Факултативен излет до Тиват и Котор – 30 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
