Состанок на групата на договореното место во 05:00 часот. Поаѓање за Тирана во 05:30 часот. Полетување од Тирана за Катанија во 12:50 и слетување во 14:35 часот во Катанија, пречек од страна на нашиот локален водич во Катанија. Се упатуваме кон отелот, сместување во хотел и во договорено време разглед на градот со неговите културно историски знаменитости по договор со локалниот водич. Овој град под Етна, после бурната историја и земјотресот, обновен е во 17 век во барок стил и е најголемо пристаниште и стопански центар на Сицилија. Пешачки разглед на историскиот центар. Меѓу многуте раскошни палати и цркви, се истакнува катедралата која го носи името на Света Агата – заштитничка на градот. Прошетката продолжува покрaj рибниот пазар, еден од најпознатите во цела Италија, дворецот Урсино изграден во 13 век, Универзитетот, улицата Via Crociferi… Слободно време за уживање и освежување со највкусниот сладолед и сицилијанскиот десерт – Гранита. Враќање во хотел во Катанија. Ноќевање.
СИЦИЛИЈА АВИОНСКА ПРОГРАМА 11 ОКТОМВРИ
Опис на патувањето
СИЦИЛИЈА e oстров кој има типична медитеранска клима и е познат по своите катедрали, лозја, плажи и неверојатна архитектура. Операта во Палермо и барокните цркви на УНЕСКО во Ното и Модика се светски познати сицилијански архитектонски знаменитости, заедно со грчките храмови на долината на храмовите лоцирани во Агриџенто...Од 1860 година, Сицилија е официјален дел од Италија. Прво, островот беше споен со Кралството Сардинија, а подоцна Кралството Сардинија се спои со Кралството Италија. Од 1946 година, Сицилија е автономен остров во рамките на Италија.
Термин 11.10-14.10.2024
Редовна цена : 549 евра по лице / пакет аранжман
Програма по денови
Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Палермо со локален професионален водич. Разглед на градот и неговите културно историски знаменитости. Ќе можете да ја посетите Палатата на Норман, Новата Капија,катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот,”Quattro Canti”, Црквата Марторана, театрите Политеама и Масимо. Враќање во Катанија. Слободни активности. Ноќевање.
Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Сирагуза, со локален професионален водич. Разглед на градот, катедралата, Аполонов храм. По кратка пауза, и посета на Етна до 1980 метри, кратери Силвестер, каде што можете да уживате во убавините на оваа планина, каде што одалеку ќе може да го видите вулканот Етна. Враќање во Катанија во вечерните часови. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминување кон аеродромот со организиран трансфер. Полетување во 10:50 часот. Слетување во Тирана 12:15 часот. Автобуски трансфер од Tирана до Скопје.
Вклучено во цената
- ✓Авионски превоз на наведената релација Тирана- Катанија - Тирана (Wizz air)
- ✓Сместување во хотел La Dune Sicily со 3* во Катанија 3 ВВ
- ✓Пречек од локален водич во Катанија
- ✓Организиран автобуски трансфер: Скопје - Тирана – Скопје
Не е вклучено
- ✕• Вленици за културно-историски споменици
- ✕• Патничко осигурување
- ✕• Туристичка такса 2 еур (по ноќевање)
- ✕• Разглед на Палермо со локален водич 65 еур
- ✕• Разглед на Сирагуза и Етна до... 1980 метри надморска височина со локален водич 55 еур
- ✕• Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
- ✕• Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
Услови и напомени
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
- За овој програм важат Опшите Услови на патување на Либеро Травел.
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
- Т.А.Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел.
- Важат општите услови за патување на ТА ЛИБЕРО ТРАВЕЛ
- НАПОМЕНИ:
Подготвени за СИЦИЛИЈА АВИОНСКА ПРОГРАМА 11 ОКТОМВРИ?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
