Почетна / Египет / Ali Baba Palace 4*- Хургада
Египет

Ali Baba Palace 4*- Хургада

Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Краток опис 

Комплексот е отворен во 2000 година, зафаќа површина од околу 120.000 м2 и нуди 756 сместувачки единици. Гостите имаат на располагање голем избор на активности во рамките на комплексот, неколку базени, аква парк и неколку ресторани и барови.

За деца има мини клуб (за возраст од 4-12 години), детски базен, аква парк, игралиште.

Плажа 

Хотелот се наоѓа на сопствена песочна плажа, еден помал дел е со корален гребен што привлекува голем број љубители на подводниот свет, а другиот дел е прекрасна област за капење. Употребата на чадори за сонце и лежалки на плажа е бесплатна.

Facilities 

Услуги за перење и пеглање, rent-a-car, продавници, сала за состаноци, сеф на рецепција (бесплатно).

Локација 

Се наоѓа на околу 11 км од аеродромот и на околу 18 км од центарот на Хургада.

Концепт за исхрана

Услугата во хотелот е All inclusive - појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења според хотелските правила). Концептот вклучува домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, закуски, колачи и сладолед. Покрај главниот ресторан, гостите можат да уживаат и во Bella Italia (италијанска кујна), Zomorodah (ориентална кујна) и Sesame (азиска кујна). Во понуда на хотелот се и неколку барови - Lobby Bar, Pool Bar, Beach Bar и 40 Thieves Disco.

Се плаќа: Moorish Cafe, a la carte restoran Sesame (азиска кујна), Ali Baba Sushi Restaurant, свежо цедени сокови, витамин бар, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина…).

Спорт и рекреација 

Хотелот нуди неколку базени, базен за деца, аква парк за деца, аква парк за тинејџери, 2 терени за тенис, терен за кошарка и фудбал, пинг-понг, одбојка, мини голф, анимации, фитнес центар, часови за танц.

Се плаќа: билијард, спортови на вода, часови по нуркање, Wi-Fi интернет, куглање, опрема за тенис.

Важни информации

За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Сместување 

Хотелот располага со 756 сместувачки единици и сите имаат балкон / тераса, клима уред, SAT LCD TV, фен за коса, мини бар. Стандардните соби имаат поглед кон градината или базенот и се со големина од 33-35м2 (мал број соби имаат поглед на море). Фамилијарните соби се состојат од две соби со површина од 33-35м2 (во едната соба има брачен кревет, а во другата два единечни кревети), собите се одделени со врата.

Се плаќа: услуга во соба, телефон.

Подготвени за Ali Baba Palace 4*- Хургада?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.