Почетна / Египет / ROYAL STAR BEACH 4*
Египет

ROYAL STAR BEACH 4*

Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ХОТЕЛ  ЗА ЦЕНИ,ТЕРМИНИ И ДОСТАПНОСТ ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА НА 072-272-800 / VIBER 

Локација: Овој хотел лоциран во Ел Дахар (стара Хургада) е сместен на сама плажа и е оддалечен 4.7 км од новата Марина во Хургада и 9 км од аеродоромот. Сместување: Располага со вкупно 212 соби, секoја опремена со купатило, фен, ТВ, мини бар, клима, сеф, балкон или тераса. Хотелски содржини: Хотелот располага со главен ресторан во кој се служат специјалитет од интернационална кујна,лоби бар и снeк бар, сервис за перење, интернет центар, продавници, менувачница и фризерски салон. Спорт и забава: На љубителите на спорт на располагање им е надворешен базен, пинг понг, билјард ,пикадо, разни спортови на вода, спа центар со сауна, парна бања, џакузи и простории за масажи. За најмалите гости хотелот располага со мини клуб. Тимот за анимација организира забавни настани, спортови и активности околу хотелот и на плажа, вклучувајќи часови по аеробик, одбојка, ватерполо, боча, игри на маса, пикадо... Плажа: Хотелот располага со сопствена песочна плажа со изразена плима и осека. Гостите на хотелот Ројал Стар Бич можат бесплатно да користат лежалки, чадори и пешкири, на плажа и покрај базен, како и на плажата на соседниот хотел од истиот ланец Empire Beach (песочна плажа со поубава област за пливање).
Информации за програма

ХУРГАДА Лето 2025 - чартер програма:

Програма по денови

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со поасошко-царинските формалности (вадење виза, превземање багаж, итн.), пречек од страна на нашите претставници и/или претставниците на партнер агенцијата во Египет. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето). За евентуално превземање на соби порано ("Early Check Inn") условите ги одредуваат одговорните служби на рецепциите во хотелите.

2 – Претпоследен ден | ХУРГАДА

Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети (Посета на Каиро со пирамидите и музејот; Посета на Луксор и храмовите; Пустинско сафари; Расјки остров, Нуркање, шоу со делфини...). Ноќевање во хотел.

Последен ден  | ХУРГАДА – СКОПЈЕ

Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. Крај на услугите.

Подготвени за ROYAL STAR BEACH 4*?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.