Почетна / НОЕМВРИ / MАЛТА ВО НОЕМВРИ
НОЕМВРИ

MАЛТА ВО НОЕМВРИ

Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино – лоцирани во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство. Историското наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација и

различни народи кои ја освојувале оставајќи свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури, мноштво на историски споменици и туристички атракции, придонесува Малта да зрачи со посебен шарм.

ЦЕНА: 329e

Програма по денови

Состанок на групата на скопскиот аеродромот во 15:10 часот. Полетување за Малта во 17:10 часот со директен лет на

авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 19:00 часот. Трансфер до хотел. Сместување во

хотел.Слободно време. Ноќевање.

Појадок. Предлог – факултативна посета на  Валета  и  Мдина . Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село    (поранешен воен аеродром), каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака ( Upper Barrakka Gardens ) и неверојатен панорамски

оглед на Големото пристаниште ( Grand Harbour ), како и посета на Ко – катедралата на Свети Јован. Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета. Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.

Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот  Гозо (Calypso’s Island) , вториот најголем остров во

Малтешкиот архипелаг. Поаѓање во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот град, а воедно и

најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се

наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од

неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните.

Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа

тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба.

На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот

музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс  Ggantija Temples , постара градба и од египетските пирамиди или

Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи  Dwejra  и познатото селце  Xlendi . Слободно време за индивидуални

активности и ручек во организација на агенцијата.Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

ЧЕТВРИ ДЕН: (понеделник) | Малта – Marsaxlokk - Скопје

Појадок. За последниот ден можност за факултативна посета на Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно

пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се

крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени

чамци танцуваат на благи бранови. Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува

тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат

посетени.Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за

Скопје во 19:35 часот. Слетување во Скопје наредниот ден во 21:20 часот.

Што е Што Факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) – 55 €;

 Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;

 Факултативен излет – Marsaxlokk (рибарското село – трансфер + придружник од агенцијата) – 30 €; задожителна

факултатива

 Во цената на факултативните излети не е вклучен ручек и влезници во објекти или локации;

 Индивидуални трошоци;

 Патничко – здравствено осигурување;

Не е вклучено

  • ✕ Доплата за куфер од 20 kg;  Туристичка такса 2 € на ден (се плаќа во хотел); 

Подготвени за MАЛТА ВО НОЕМВРИ?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.