Почетна / Египет / King Tut Aqua Park Beach 4* – Хургада
Египет

King Tut Aqua Park Beach 4* – Хургада

Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Краток опис

На само 5 км од аеродромот Хургада, all-inclusive ресортот King Tut нуди голем базен и директен пристап до плажа. Располага со соби со балкони со поглед на коралниот гребен.Има 3 ресторани, вклучувајќи го и ресторанот Love Boat со романтичен амбиент и панорамски поглед на Црвеното Море.  Во бедуинскиот шатор Сахара можете да уживате во азиски чаеви и наргиле.

Локација: Овој хотел сместен на сама плажа е одалечен 3 км од центарот на Хургада и 9 км од аеродоромот

Хотелски содржини: Хотелот располага со 3 ресторани во кои се служат специјалитети од интернационална кујна,  и 1 А la carte ресторан. Барови(лоби, покрај базен и на плажа), дискотека, сервис за перење, интернет центар, продавници, менувачница и фризерски салон

Спорт и забава: На љубителите на спорт на располагање им е надворешен базен, со посебен дел за деца, 2 тениски игралишта, пинг понг, билјард, разни спортови на вода, гњурачки центар, спа центар со сауна, парна бања, џакузи и простории за масажи. За најмалите гости хотелот располага со мини клуб и забавен парк на плажа, со анимации наменети посебно за нив

Сместување

Располага со 133 соби. Сите соби имаат климатизација, мини бар, телефон, сателитска ТВ, фен и балкон.

Плажа

Хотелот располага со прекрасна песочна плажа во природна лагуна.

All inclusive - "се вклучено" - појадок, ручек, вечера, закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци според хотелските правила (самопослужување, избор на повеќе оброци).

Забелешки

Check out е во 12:00 попладне

При одјавување се плаќа доколку имате користено нешто надвор all услугата, се враќаат картичките за пешкири, клуч од соба и нараквицата

Престој во хотелот после 17:00 е дозволено само со доплата и доколку хотелот има слободни соби.

За изгубен клуч, нараквица или картица за пешкири , трошокот е на Ваша сметка.

Не е дозволено изнесување на храна надвор од ресторанот, воедно хотелот не сноси одговорност за храната која што не е од хотелот.

Дополнителни информации

Во хотелот има менувачница на рецепција. Се замолуваат сите гости на хотелот да се придржуваат кон  dress code за време на вечерата, не е доволено да се носи шорц, папучи и сл.

General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Подготвени за King Tut Aqua Park Beach 4* – Хургада?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.