Хотел “PANTHEON” – Олимпик Бич
Опис, термини и цени
Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилно опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/2 - 1/3 - 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за тело, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ - LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен
интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТ.
EARLY BOOKING - Лето 2021
15% попуст за целосна уплата до 01.01.21 | 10% попуст за целосна уплата до 01.02.21
7% попуст за целосна уплата до 01.03.21 | 5% попуст за целосна уплата до 01.04.21
| "Pantheon" Олимпик бич | термин | ЈУНИ | ЈУЛИ | АВГУСТ | СЕПТЕМВРИ | |||||||||
| 27 | 04 | 11 | 18 | 25 | 01 | 08 | 15 | 22 | 29 | 05 | 12 | 19 | ||
| бр. ноќи | 7 | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 * | 7 | 7 | 7 | 7 | 7 | |
| 1/3 студио /назад/ | 170 | 320 | 340 | 360 | 360 | 360 | 360 | 340 | 170 | 130 | 100 | 80 | 60 | |
| 1/3 студио /море/ | 190 | 355 | 375 | 395 | 395 | 395 | 395 | 375 | 190 | 145 | 115 | 90 | 70 | |
| 1/4 студио /море/ | 210 | 385 | 405 | 425 | 425 | 425 | 425 | 405 | 210 | 160 | 125 | 100 | 75 | |
| опис на ценовникот | цени за наем на цело студио без превоз | цени по лице со превоз | ||||||||||||
НАПОМЕНА
- - Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- - Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
- - Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- - Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- - Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- - Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- - Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Гевгелија;
- - Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка.
- - Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН!!
- - Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- - За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- - Доплата за туристичка такса - 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- - Доплата за клима - 5€ од ден (на рецепција);
- - Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- - Доплата за патничко осигурување.
| Автобуски превоз ОЛИМПИК БИЧ, според термини од табелата | Патни Информации | ||
| Град на поаѓање | Mесто на поаѓање | Време на поаѓање | Скопје - Олимпик Бич (275km) |
| Куманово: | (бензинска Макпетрол-Автопат) | 04:15h | Скопје - Катерини - Паралиа - Олимпик бич Автопат (Е75) Трошоци во еден правец: Патaрини во Македонија (280ден) Патарини во Грција (5.20€) |
| Скопје: | (паркинг пред VIP хотел) | 05:00h | |
| Штип: | (паркинг пред нова пошта) | 05:00h | |
| Велес: | (бензинска Макоил, мотел Македонија) | 05:45h | |
| Струмица: | (бензинска, Макпетрол - кружен) | 06:10h | |
| Неготино: | (бензинска Макпетрол) | 06:10h | |
| Г.П. Богородица: | (бензинска, Oкта / Богородица) | 07:00h | |
| Поаѓање од Олимпик Бич: | 16:00 по МК време / 17:00 по ГР време на околу 200m од хотелот. | ||
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Либеро Травел.
Подготвени за Хотел “PANTHEON” – Олимпик Бич?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
