Хотелот Арити се наоѓа на само 200 метри од песочната плажа на Паралија, наспроти паркот со фонтани и објекти за забава, а во непосредна близина се наоѓа и маркетот ЛИДЛ. Располага со 30 соби, рецепција и кафетерија, во која гостите можат бесплатно да користат безжичен интернет. Собите се опремени со САТ ТВ, клима уред, телефон, како и мини-кујна со основен прибор, сопствен тоалет и тераса (користењето на клима уредот се наплаќа на лице место). Поради завидната локација, комбинацијата на сместување со опремена кујна и хотелска услуга, како и одличната цена го прават овој хотел традиционално чест избор за летување на голем број туристи.
Детален опис на собите:
Двокреветни студија со 2 единечни кревети или 1 дупли кревет во склоп на кујната.
Трокреветни студија со 1 дупли кревет и еден единечен или 3 единечни кревети во склоп на кујната.
Двоспален апартман со две затворени спални, една со 2 единечни кревети и една со 2 дупли кревети одвоени со кујна.
Пакет аранжман
цени по лице за 7 ноќи со вклучен превоз /
– деца до 1,99 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 5,99 години: само превоз 35 €
– деца од 6 до 12 години: 50% попуст
– трето во трокреветна и петто/шесто лице во дуплекс: 50% попуст
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен
– за само лице во соба со превоз плаќа една редовна цена и плус 50 % од цената за наем на студио
Само превоз (повратно):
– деца до 1,99 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 12 години: 35 €
– возрасни: 45 €
Наем на студио/апартман / цени за цело студио/апартман за 7 ноќи без превоз
Во цената е вклучено:
– наем на студио/апартман за 7 ноќи
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен
Термини поаѓањe за Грција:
-Скопје 05:00 Олимписки Базен
-Кочани 04:30 пред Судот
-Штип 05:00 Нова Пошта
-Радовиш 05:30 Автобуска
-Струмица 06:00 Автобуска
Важат општите услови за патување на ТА Либеро Травел.
Вклучено во цената
✓– 7 ноќевања во студио по лице (мин. 2 лица во студио / мин. 4 лица во дуплекс)
✓– повратен превоз
Не е вклучено
✕– патничко осигурување
✕– туристичка такса 2 € по соба од ден
Подготвени за ХОТЕЛ АРИТИ – ПАРАЛИЈА 2026?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.