Почетна / Велигден / ВЕЛИГДЕН + ФЕСТИВАЛ НА ЛАЛЕТО ВО ИСТАНБУЛ 2026 3 ноќевања
Велигден

ВЕЛИГДЕН + ФЕСТИВАЛ НА ЛАЛЕТО ВО ИСТАНБУЛ 2026 3 ноќевања

3 ноќевања

3Ноќевања
Поаѓање
9 април 2026 · четврток
Траење
3 ноќевања
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Опис

Истанбул во Април е најубав! Главната причина за тоа се многубројните лалиња коишто го прават градот магична разнобојна градина. Во градот се засадуваат онолку лалиња колку што има жители на градот Истанбул – а тоа е приближно 20 милиони. Фестивалот на лалето е светска пролетна атракција којашто никого не остава рамнодушен! 

ЦЕНА: ПРОМО 139еур / 8620 ден до 15.03 Редовна цена: 159 eур/ 9860ден Термин: 09.04-13.04.2026 ТРИ НОЌЕВАЊА 23.04-26.04.2026 ДВЕ НОЌЕВАЊА

Организиран превоз од: Скопје, Св.Николе, Штип, Кочани, Виница,М.Каменица,Делчево! 

ПРОГРАМА:

Програма по денови

Поаѓање во попладневните часови од пред т.а. Либеро Травел (организирани трансфер од Скопје, Велес, Св.Николе, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево).
Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел.  Програмата започнува со посета на паркот ЕМИРГАН и ФЕСТИВАЛ НА ЛАЛЕТО.Eдно од најубавите места во Истанбул. Април е сезоната на лалињата, еден од симболите на Турција. Во паркот се поставени прекрасни градини, цели теписи исткаени од шарени лалиња и патеки за пешачење.. Се упатуваме до историскиот центар Султанахмет. Разгледување на знаменитостите на  плоштадот ( Аја Софија, Сина Џамија.Слободно време за индивидуални активности. Продолжуваме со посета на Капали Чаршија. Слободно време за одмор во хотел. Навечер специјална вечера на брод по Босфор со целосно мени (предјадење, избор од 3 видови на главно јадење, десерт),неограничени безалкохолни пијалоци, алкохолни само 2 бесплатни. Шоу програма со фолклорни ансамбли, танчерки, DJ.За време на крстарењето ке имате можност да уживате во погледот кон мостовите на Босфор кои навечер ги менуваат боите.Враќање во хотел. Ноќевање.

Појадок. Факултативна посета на Принцеските Острови со брод. Тргнување со брод од пристаништето. Се плови преку Мраморното Море до Островот на принцовите пловидбата трае околу 1,45 час. (– архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија.Најголемиот од нив е Бујук Ада – тоа е островот што е посетен за време на екскурзијата. На островот постојат мини електрични автобуси со кои можете да ги видите сите убавини во една обиколка. Обиколката на островот трае 30 мин. Исто така можете да изнајмите некој од прекрасните велосипеди накитени со многу разнобојни цвеќиња и да ја доживеете маѓијата на островот на посебен начин. Прекрасните рибни ресторанти покрај морето се вистинско уживање за сите туристи. После принцеските острови се упатуваме кон железната црква Свети Стефан е една од најпознатите и најуникатни цркви во Истанбул. Таа е целосно изградена од железо, донесено по Дунав и Црно Море од Виена во 19 век.Вселенската патријаршија во Фенер е духовниот центар на православниот свет, седиште на Цариградскиот патријарх. Во нејзиниот комплекс се наоѓа црквата Св. Ѓорѓи, каде се чуваат мошти на светци и значајни реликвии.
Фенер и Балат се едни од најстарите и најшармантни населби во Истанбул, познати по:

-

шарени куќи

-

тесни калдрмисани улички

-

старински кафулиња

-

богата мешавина од грчка, еврејска и христијанска историја.
- Враќање во хотел.Ноќевање.

Појадок. Се упатуваме кон Азиската страна на Истанбул. Посета на Ускудар. Ускудар е област која се наоѓа на азискиот брег на Босфор,веднаш преку Бешикташ. Ускудар е познат по прекрасното крајбрежје, Моминската кула, , шумичката Фети-паша, историските места како и џамиите од 16 век… Во овој дел од градот ќе ги доживеете убавините на градот како вистинските жители на Истанбул. Овде ќе имате можност да уживате покрај брегот на седејки на разнобојните килими пиејќи чај.Слободно време прошетка покрај брегот, слободно време за кафе.. Потоа се упатуваме кон Mall Watergarden İstanbul (Распеани фонтани) и најновиот трговски центар Emaar. Mall Watergarden İstanbul – каде ќе го гледаме светлосното шоу на распеаните фонтани. Исклучителна кореографија на вода, светлина, ласерски ефекти и музичко шоу. Базенот се наоѓа на површина од 5 илјади квадратни метри во срцето на Watergarden Istanbul и се смета за „најголемиот“ базен во Европа. По посетата на Вотергарден Мол, продолжуваме до најновиот трговски центар Емаар во Истанбул.Ќе имате можност да купувате во продавниците на некои од светски познатите брендови, а исто така и на многу локални брендови, како што се Hugo Boss, Guess, Gucci, Hermes, Lc Waikiki, Victoria’s Secret, Zara, Kemal Tanca, Hotic, Altinbas и други. Навечер се упатуваме кон најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време  и шопинг во многубројните продавници, ресторанти, кафулиња.. Враќање во хотел. Ноќевање.

5ти ден (понеделник) 13.04.2026 Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Слободно време за ручек. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.

Вклучено во цената

  • ✓Превоз со високотуристички автобус
  • ✓Три ноќевања со појадок во хотел 3*/ 4* во близина на Капали чаршија
  • ✓Придружник на патувањето од Либеро Травел

Не е вклучено

  • ✕Панорамна обиколка со водич, плоштад Султанахмет, Капали Чаршија – 25 еур
  • ✕Принцески острови со брод – 35 еур
  • ✕Железна црква, Патријаршија и Балат – 25евра
  • ✕Азија (целодневна) – 35 еур
  • ✕Аквариум Florya – 30 еур
  • ✕Турска традиционална вечера на брод по Босфор – 50€
  • ✕Таксим плоштад – 15евра
  • ✕ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ – 215 еур – попуст (20 еур) / 195евра
  • ✕*екскурзиите може да се комбинираат по сопствен избор
  • ✕*деца до 10 год. – 30% попуст
  • ✕Патничко осигурување – 320 денари (без фрашиза).
  • ✕ДОПЛАТА ЗА СИНГЛ СОБА 50е

Услови и напомени

  • НАПОМЕНА: Патувањето е од туристички карактер – минимум 2 екскрузии по избор се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ!
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • За ова патување важат општите услови на Т.А Либеро Травел.

Подготвени за ВЕЛИГДЕН + ФЕСТИВАЛ НА ЛАЛЕТО ВО ИСТАНБУЛ 2026 3 ноќевања?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.