Почетна / Дополнителни патувања / МИЛАНО СО ЛУГАНО И КОМО 2026
Дополнителни патувања

МИЛАНО СО ЛУГАНО И КОМО 2026

МИЛАНО,ИТАЛИЈА

2Ноќевања
Поаѓање
22 октомври 2026 · четврток
Дестинација
МИЛАНО,ИТАЛИЈА
Траење
2 ноќевања
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Милано е еден од најважните и најживите градови во Италија, познат како светска престолнина на модата и дизајнот. Градот претставува спој на богата историја и модерен урбан живот. Во центарот се наоѓа величествената Катедрала Дуомо, симбол на Милано, изградена од бел мермер и украсена со стотици скулптури. Во близина е и Галерија Виторио Емануеле II, една од најстарите и најелегантни трговски галерии во Европа. Милано е динамичен, елегантен и постојано во движење – град кој остава силен впечаток кај секој посетител.

Термин: 22.10 - 25.10.2026

Цена: 179евра ( 11 100ден)

Програма по денови

Тргнување во претпладневните часови. Ноќно патување преку Србија – Хрватска – Словенија – Италија.

Пристигнување во Милано. Разглед на градот на:🏛 Duomo di Milano (надворешно
🛍 Galleria Vittorio Emanuele II 🎭 La Scala (надворешно)🏰 Castello Sforzesco 📸 Piazza del Duomo. По разгледот слободно индивиудално време (2–3 часа): Шопинг (Zara, H&M, Prada, Armani…)Кафе / ручек. По договореното време се упатуваме кон хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

Појадок. После појадокот се упатуваме кон прошетка во Лугано и Комо.

Лугано (Швајцарија)

Лугано е шармантен швајцарски град сместен на брегот на езерото Лугано, со поглед на Алпите. Градот е познат по својата комбинација од средоземна и швајцарска атмосфера: палми покрај езерото, убави паркови и елегантни пешачки улици со кафулиња и бутици.

-

Прошетка покрај езерото Лугано, центарот и паркoт Parco Ciani.

Слободно индивидуално време за прошетка, кафе пауза, ручек и фотографирање.

После завршениот разглед се упатуваме кон Комо. Прошетка низ градот Комо и уживање во прекрасното езеро.

КОМО (Италија)
Комо е еден од најпознатите италијански градови на Комо Езеро и е симбол на романтични езерски пејзажи. Старото градско јадро е полно со кафулиња, пазарчиња и историски згради, а езерото е опкружено со планини и луксузни вили. По завршениот разглед се упатуваме кон Милано. Враќање во хотел. Ноќевање.

Појадок. После појадокот се упатуваме кон Serravalle Designer Outlet. Тоа е еден од најголемите и најпопуларните аутлети во Северна Италија со дури околу 230 брендови на попусти до 70 % . По завршениот шопинг и договореното време се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

Вклучено во цената

  • ✓Превоз со високо туристички автобус
  • ✓Две ноќевања со појадок во хотел во Милано 3* или околината на Милано
  • ✓Шопинг во Serravalle Designer Outlet.
  • ✓Преставник од туристичката агенција

Не е вклучено

  • ✕Разглед на Милано со водич - 15евра
  • ✕Лугано и Комо - 50евра
  • ✕ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 65евра - ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПАКЕТ
  • ✕Туристичка такса - 5евра за двете ноќевања од лице

Услови и напомени

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.
  • Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Либеро Травел.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
  • Т.А.Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел.
  • ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: МОЖНО Е ВОВЕДУВАЊЕ НА ГРАНИЧНА ТАКСА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА 20ЕВРА. Ова не е поврзано со туристичката агенција. Плаќањето се врши на граничен премин.Еднаш платената такса од 20 евра ќе важи три години или до истекот на пасошот. Со ЕТИАС ќе се дозволи вкупен престој до 90 дена во период од 180 дена.

Подготвени за МИЛАНО СО ЛУГАНО И КОМО 2026?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.