Почетна / Дополнителни патувања / ИСТАНБУЛ ФОРМУЛА 1 – 2027
Дополнителни патувања

ИСТАНБУЛ ФОРМУЛА 1 – 2027

30 септември 2027

Цена на аранжманот
199 € / 12.338 мкд

199 €

Поаѓање
30 септември 2027 · четврток
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

ИСТАНБУЛ – FORMULA 1 TURKISH GRAND PRIX 2027

5 дена / 3 ноќевања со појадок

30.09 -04.10.2027 / ЦЕНА ПРОМОТИВНА ДО 31.12 ЗА САМО 199евра ( 12 340ден)

По години исчекување, звукот на моќните мотори повторно ќе одекне на легендарната патека Istanbul Park!

Во 2027 година, Турција повторно се враќа во календарот на Формула 1, а ова патување ви нуди единствена можност да ја почувствувате адреналинската атмосфера, возбудата и спектаклот на едно од најголемите автомобилски натпреварувања во светот.

За љубителите на Формула 1 – три незаборавни дена на Istanbul Park, со слободни тренинзи, квалификации и главната трка – FORMULA 1 TURKISH GRAND PRIX 2027.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Програма по денови

Поаѓање од Кочани од пред агенцијата Либеро Травел. Патување преку граничен премин Делчево. Ноќно патување со преминување на граничните премини Капитан Андреево и Капикуле.

Ноќно патување со попатни паузи и преминување на граничните премини Капитан Андреево и Капикуле.

Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Сместување во хотелот по 14:00 часот. Доколку има слободни соби при пристигнувањето, патниците ќе бидат веднаш сместени, а во спротивно багажот ќе биде оставен на рецепцијата.

Пред пладне, организиран трансфер до познатата тркачка патека TOSFED Istanbul Park, која се наоѓа во азискиот дел на Истанбул.

Можност за следење на слободните тренинзи на Формула 1 и уживање во атмосферата на ова спектакуларно натпреварување.

Во вечерните часови враќање во хотелот.

Факултативно, можност за вечера на луксузен брод на Босфорот, со музичка и шоу-програма, вечера и неограничена консумација на локални алкохолни и безалкохолни пијалаци. Во цената е вклучен и трансферот. Ноќевање.

Ран појадок во хотелот.

Организиран трансфер до Istanbul Park за следење на квалификациите за Grand Prix 2027.

Можност да ги проследите најдобрите возачи во светот во борбата за најдобра стартна позиција пред главната трка.

Слободно време. Во вечерните часови враќање во хотелот.

Факултативно, вечера во традиционален турски ресторан со богата шоу-програма, вечера и неограничена консумација на локални алкохолни и безалкохолни пијалаци. Ноќевање.

Ран појадок во хотелот. Организиран трансфер до тркачката патека Istanbul Park за најочекуваниот момент од патувањето – главната трка на Формула 1!

Ден исполнет со адреналин, брзина, возбуда и незаборавна атмосфера меѓу илјадници љубители на овој спорт.

Следење на спектакуларната трка FORMULA 1 TURKISH GRAND PRIX 2027.

Слободно време. Во вечерните часови враќање во хотелот. Ноќевање.

Ран појадок и одјавување од хотелот.

ГРАТИС за сите наши патници – панорамски разглед на Истанбул.

Посета на познатата на железна црква „Св. Стефан“, која претставува еден од највпечатливите архитектонски и верски објекти во градот. Слободно време за прошетка низ живописната населба Балат, позната по своите шарени куќи, тесни улички и автентична атмосфера. Продолжување кон еден од најпознатите трговски центри во Истанбул – Venezia Mega Outlet, инспириран од италијанската Венеција, со прекрасни канали, мостови и бројни продавници.

Слободно време за шопинг. Продолжување на патувањето кон Македонија. Со попатни паузи и гранични формалности.

Вклучено во цената

  • ✓3 ноќевања со појадок
  • ✓Превоз со високотуристички автобус
  • ✓Организација и водство на патувањето

Не е вклучено

  • ✕Вечера на јахта на Босфорот – 55 евра, за деца до 10 години – 35 евра. Вклучен трансфер до пристаништето, шоу-програма, топли и ладни предјадења и неограничена консумација на локални алкохолни и безалкохолни пијалаци.
  • ✕Вечера во ресторан со турска шоу-програма – 40 евра, за деца до 10 години – 30 евра. Вклучена вечера, забавна програма и неограничена консумација на локални алкохолни и безалкохолни пијалаци.
  • ✕Влезници за натпреварувањето Формула 1. Секој патник индивидуално си обезбедува и купува влезници за натпреварувањето.ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД ( ПОСЕТА НА ЖЕЛЕЗНА ЦРКВА СВ СТЕФАН, БАЛАТ, И VENEZIA MALL. - 25ЕВРА ЗАДОЛЖИТЕЛНАТРАНСФЕРИ - 30евра за 3 дена
  • ✕ВАЖНА НАПОМЕНА: Влезниците за Формула 1 не се вклучени во цената на туристичкиот аранжман.
  • ✕Моментално сеуште немаме официјални цени за влезниците - дополнително кога ќе бидат објавени ќе имаме доставено линк.

Услови и напомени

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот. Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот
  • . Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
  • Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума.
  • Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат. Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место. Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАTA

Подготвени за ИСТАНБУЛ ФОРМУЛА 1 – 2027?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.