Почетна / Празнични патувања / ЕДРЕНЕ ШОПИНГ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ 2026
Празнични патувања

ЕДРЕНЕ ШОПИНГ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ 2026

13 февруари 2026

Поаѓање
13 февруари 2026 · петок
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Опис

🇹🇷 🧿 ЕДРЕНЕ е пограничен град на 18 км. од границата помеѓу Бугарија и Турција. Со многу интересна историја, различна култура ,многу вкусни специјалитети и најевтин ШОПИНГ.

Градот е многу интересен за истражување со своите затворени чаршии, прекрасните џамии, со фонтани од конзерви во центарот и прекрасните добро сочувани дрвени куќи со посебна декорација, со своите големи паркови и мостови ги импресионира сите што го посетуваат овој град.

Термин: 13.02 – 15.02.2026

Цена: 89e/ 5520 денари до 20.01

Програма по денови

Тргнување во вечерните часови од пред TA Либеро Травел (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево ). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Преминување на граничниот премин Андреево-Капи Куле.

Пристигнување во Едрене во утринските часови. Се упатуваме кон познатиот трговски центар во градот ERASTA MALL.Слободно време за шопинг околу 2 часа. Потоа се упатуваме кон уште еден Outlet - Margi Outlet во кој  има продавници со многу квалитетна облека по многу ниски цени…. и Синиот пазар кој се наоѓа во непосредна близина на аутлетот..И на крај се упатуваме кон центарот посета на симболот на градот Едрене – џамијата Селимије, изградена е по наредба на султанот Селим Втори помеѓу 1569 и 1575 година и претставува вистинско архитектонско ремек-дело. Секое од нејзините 4 минариња, високи над 70 метри, открива неверојатен поглед на градот, што ќе остави траен спомен на вашето патување до Едрене. Во непосредна близина на џамијата се наоѓа и покриениот пазар познат како „малата Капала Чаршија“ каде ќе имате слободно време за шопинг. Од подножјето на џамијата Селимије започнува лавиринт од мали улици кои водат кон главната улица во Едрене, Сарацлар Јадеси. Тука ќе најдете многу шарени и живописни продавници за секаков вид стока, како и многу слаткарници и кафулиња. Ако сакате да јадете некои традиционални турски колачи, одете во слаткарницата Мадо на врвот на главната улица. Тука има бесконечна разновидност на пецива – ве советуваме да пробате кунефе, што е еден вид сирупски десерт од кадаиф и урда. Бадемовата паста е исто така нешто по што е познат градот Едрене. Направен е од горчлив бадем и има многу специфичен вкус. Друго специфично јадење од Едрене што треба да го пробате е Порција со црн дроб – ова е пржен црн дроб, исечен на тенки парчиња и се служи со немилосрдна лута пиперка 🙂 Сместување во хотелот. Ноќевање.

ЕДРЕНЕ -ДЕЛЧЕВО-КАМЕНИЦА-ВИНИЦА-КОЧАНИ- ШТИП-ВЕЛЕС-СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од  хотелот. Се уптуваме кон православната бугарската црква „Св. Свети Константин и Елена “, која со својата прекрасна градина е омилено место на туристите кои го посетуваат Едрене. Храмот е изграден во 1869 година и се наоѓа во близина на местото каде реката Тунџа се влева во реката Марица.

Се упатуваме кон  складовите  за детергенти, козметика, маслинки, баклава, сирење по најниски цени во Турција. Тргнување од Едрене по претпладневните часови. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови

Вклучено во цената

  • ✓1 ноќeвање со појадок вo хотел во Едрене
  • ✓Превоз со високо туристички автобус
  • ✓Посета на центарот на градот Едрене
  • ✓Посета на црквата Свети Константин и Елена
  • ✓Посета на џамијата Селимије, симболот на градот
  • ✓Посета на синиот пазар,Margi Outlet
  • ✓Посета на складовите за детергенти, козметика, маслинки, баклава, сирење по најниски цени
  • ✓Придружник од агенцијата

Не е вклучено

  • ✕Патничко осигурување 320 денари (задолжително)

Услови и напомени

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
  • Поаѓањата за и од таму и паузите по патот можат да имаат измени зависност од потребите на патувањето. Тоа го одредува агенцијата.
  • Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
  • Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
  • За овој аранжман важат општите услови на Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.

Подготвени за ЕДРЕНЕ ШОПИНГ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ 2026?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.