Почетна / Егзотични дестинации / БЕЛГРАД НОВА ГОДИНА 2027
Егзотични дестинации

БЕЛГРАД НОВА ГОДИНА 2027

СРБИЈА

Поаѓање
31 декември 2026 · четврток
Дестинација
СРБИЈА
Траење
2 НОЌЕВАЊА
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

✨ ПРОСЛАВЕТЕ ЈА НАЈЛУДАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА ВО ГРАДОТ ШТО НИКОГАШ НЕ СПИЕ! ❤️

🎄 Белград во новогодишно руво, празнични светилки, прекрасна атмосфера, музика, забава и незаборавни моменти!

31.12 - 02.01.2027 - 159евра ( 9860ден)

Организиран превоз од Кочани,Штип,Велес,Скопје,Куманово

Трансфер за над 10 патници Делчево,Каменица,Виница

Две ноќевања со појадок + превоз

Програма по денови

Состанок на групата по договорено време тргнување за Белград во 00.30 часот од пред ТА Либеро Травел. Попатно земање на патниците од Штип, Велес, Скопје и Куманово.. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови. Посета на шопинг центар Галерија. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме во хотелот во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови ве носиме во центарот на Белград за прослава на новогодишната ноќ. По завршената прослава ве враќаме во хотел. Ноќевање.

Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн. Слободно индивидуално време во центарот на градот. Поаѓање кон Белград. Прослава на втора новогодишна вечер во Белград. Ноќевање.

Појадок. После појадокот се одјавуваме од хотел. Се упатуваме кон Ниш.

Посета на една од најпознатите историски знаменитости во Ниш величествената Нишка тврдина, сместена на брегот на реката Нишава. Прошетка низ нејзините историски ѕидини, разглед на знаменитостите и слободно време за фотографии. Слободно време во Ниш за прошетка и пауза за ручек. После договореното време се враќаме кон Македонија.

Вклучено во цената

  • ✓2 ноќевања со појадок во хотел во Белград или околината на Белград
  • ✓Превоз со високотуристички автобус
  • ✓Разглед на Белград со Водич
  • ✓Посета на Нишка тврдина и Ниш

Не е вклучено

  • ✕Факултативна посета на Нови Сад - 25евра
  • ✕Tакса за сместување во хотел 2.50 од ноќевање - 5евра за двете ноќевања

Услови и напомени

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот. Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување. Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
  • НАПОМЕНИ: - Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд - Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување. - Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства - Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена. - Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети. -Патувања кои се резервирани по цени за рано букирање или резервации во последен момент за отказ, без оглед на времето кога е откажано патувањето, се наплатува 100 % од уплатената сума. Доколку патникот сака да го промени терминот пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати манипулативни-административни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор.
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС: Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат. Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место. Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и НАTA.

Подготвени за БЕЛГРАД НОВА ГОДИНА 2027?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.