Тргнување во претпладневните часови со автобус од договореното место.Патување до Драч со автобус. По пристигнувањето во Драч, следува вклучување на траект и пловидба кон Италија.
БАРИ СО АЛБЕРОБЕЛО И МАТЕРА И POLIGNANO A MARE
10 април 2026
Опис на патувањето
БАРИ СО АЛБЕРОБЕЛО МАТЕРА И POLIGNANO A MARE
Термин: 10.04 - 13.04.2026
Промотивна цена: 199евра (12 340ден) до 10.03.2026
Редовна цена: 249eевра ( 15 440ден)
ПРОГРАМА:
Програма по денови
Пристигнување во Бари. Следи обиколка и прошетка во градот со водич. Ве носиме во една најпознатата црква Базилика Св. Никола. Изградена е во 11 век и во неа се чуваат моштите на Свети Никола Чудотворец, заштитник на морепловците и децата.
Храмот се наоѓа во срцето на стариот дел на Бари и претставува место каде што се среќаваат источната и западната христијанска традиција. После тоа се упатуваме кон разглед Bari Vecchia (стариот град) – тесни улички, автентична атмосфера и слободно време за кафе и уживање. После разгледот во Бари се упатуваме кон хотел. Сместување. Ноќевање.
Појадок. После појадокот се упатуваме на факултативен разглед АЛБЕРОБЕЛО + POLIGNANO A MARE.
Се упатуваме кон алберобело. Во алберобело ќе ги видеме
старите населби Rione Monti и Aia Piccola,
традиционалните трули со сувенирници и локални производи,
панорамски точки со прекрасен поглед кон градот,
Trullo Sovrano – единствениот труло на два ката.
Алберобело нуди автентична атмосфера, идеална за прошетка, фотографирање и уживање во традиционалната италијанска култура. После разгледот со водичот ќе имате слободно индивидуално време за кафе и релаксација во самото место.
Потоа се упатуваме кон Polignano a Mare – бисерот на Јадранското Море
Polignano a Mare е едно од најубавите и најфотографираните приморски градчиња во регионот Пуља, сместено на спектакуларни карпи над тиркизното Јадранско Море. Градот е познат по својата романтична атмосфера, панорамски погледи и живописен стар град.
При посетата може да се види:
- познатата плажа Lama Monachile, сместена меѓу карпи,
- стариот град со тесни улички, балкони и мали плоштади,
- панорамски тераси со поглед кон морето – идеални за фотографирање,
- слободно време за прошетка, кафе или сладолед покрај морето.После завршениот разглед се упатуваме кон Бари. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. После појадокот одјавување од хотел. И се упатуваме кон Матера еден од најстарите градови во Италија.
Матера е еден од најстарите постојано населени градови во светот и едно од најимпресивните места во јужна Италија. Градот е светски познат по своите уникатни пештерски населби Sassi di Matera, кои се наоѓаат под заштита на UNESCO.
При посетата може да се види:
- пештерските куќи врежани во карпа,
- камени цркви и манастири,
- панорамски погледи кон Sassi и стариот дел на градот,
- автентична атмосфера која често е користена како сценографија за светски познати филмови.
По завршениот разглед во договореното време се упатуваме кон Македонија со попатни паузи. Враќање во Македонија во раните утрински часови веќе 14.04
Вклучено во цената
- ✓2 ноќевања со појадок
- ✓Превоз со високотуристички автобус
- ✓Посета на оутлет
- ✓Преставник од туристичката агенција
- ✓Организација и богата рута
Услови и напомени
- ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
- Алберобело со Polignano a Mare - 40евра
- Матера - 40евра
- Разглед на Бари со водич - 20евра (задолжителна факултатива)
- Доплата за траект - (цена накнадно)
- Туристичка такса - 5е од ноќевање - 10евра за двете ноќевања од лице
- РАЗГЛЕДОТ НА БАРИ СО ВОДИЧ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА - ШТО ЗНАЧИ СЕКОЈ ПАТНИК ШТО Е ПРИЈАВЕН НА ЕКСКУРЗИЈАТА ТРЕБА ДА ЈА ПЛАТИ ОВАА ФАКУЛТАТИВА БЕЗ ИСКЛУЧОК!
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Т.А. Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
- Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
- За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Либеро Травел.
- За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.
- Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
- Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.
- Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
- Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
- НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
- Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел и СКТМ.
Подготвени за БАРИ СО АЛБЕРОБЕЛО И МАТЕРА И POLIGNANO A MARE?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
