ВИЛА ПАСКАЛИС – СКИЈАТОС 2024
Опис на патувањето
На само 400 км.оддалеченост по копнен пат и 2,5 часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров Скиjатос. Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиjатос е со површина од околу 50 км2 има преку 50 плажи со извонредна забава за млади. Плажите Кукунариес, Агиа Параскеви, Трулос, Мегали Амос,Дијамант Бич, Лаларија и многу други оставаат простор за повторно навраќање и убави спомени. Градот Скиjатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици со брендирана гардероба, кафетерии и дискотеки испреплетено со многубројни туристи од цела Европа, ќе ве опушти и направи задоволни и чекор понапред од сите. Вила “ПАСКАЛИС“ лоцирана во Трулос на оддалеченост 7 минути од прекрасната плажа Трулос.Извонредна местоположба со фасцинантен поглед кон морскиот хоризонт неограничувајќи го вашиот поглед и мисла. Плажата Трулос е преубава плажа со ситен песок и постепено задлабочување , тиркизна боја на водата ,лежалки ,таверни …. во непосредна близина има Супермаркет. 10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% ОД ЦЕНАТА ДО 11.12.2023 12% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100% ОД ЦЕНАТА ДО 11.12.2023
ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ (НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ) ЦЕНИ ЗА 7, НОЌИ,АВТОБУС, ТРАНСФЕР(ПРИСТАНИШТЕ-ВИЛА ПРИСТАНИШТЕ),ПРЕТСТАВНИК НА ОСТРОВОТТермините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден
МЕСТА НА ПОАЃАЊЕ:
- Поаѓање од Штип пред Нова пошта во 23:00 часот;
- Поаѓање од Скопје на паркингот (дополнително*) во 23:00 часот;
Услови и напомени
- *Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен:
- автобуски превоз, трансфер пристаниште-вила-пристаниште,за минимум 2 лица;
- *трето,четврто , лице плаќаат според табелата;
- *1 и 2 (прво и второ) дете до 12 години плаќаат според табелата;
- * дете до 02 години бесплатно (без седиште);
- *Термините објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање, влез во објектите е следниот ден;
- *Поаѓање од Штип пред Нова пошта во 23:00 часот;
- *Поаѓање од Скопје на паркингот спортска сала Борис Трајковски во 23:00 часот;
- Цените се изразени во ЕУР, плаќањето е исклучиво во денарска противвредност по курс 62ден.
- Само автобуски превоз- повратна автобуска карта Скопје –Волос-Скопје 50 еур за возрасни, 40 еур за деца до 12 год;
- Само автобуски превоз – еден правец 45 еур за возрасни, 35 еур за деца до 12 год. –;
- За користење на аранжман со сопствен превоз се одбива 45 еур за прво и второ лице, за 3 и 4 лице по 25 еур,за деца до 12 години не се одбива;
- Напомена: Oбезбедено е трансфер од пристаниште-вила-пристаниште на денот на пристигнување и заминување
- Во случај на промена на часот на поаѓање/враќање од страна на бродската компанија, агенцијата го задржува правото за промена на часот на поаѓање/враќање во согласност со промените на бродската компанија.
Подготвени за ВИЛА ПАСКАЛИС – СКИЈАТОС 2024?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
