Почетна / Паралија / ХОТЕЛ АРИТИ – ПАРАЛИЈА 2026
Паралија

ХОТЕЛ АРИТИ – ПАРАЛИЈА 2026

Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Опис на патувањето

Попусти:

Термини и цени

Хотелот Арити се наоѓа на само 200 метри од песочната плажа на Паралија, наспроти паркот со фонтани и објекти за забава, а во непосредна близина се наоѓа и маркетот ЛИДЛ. Располага со 30 соби, рецепција и кафетерија, во која гостите можат бесплатно да користат безжичен интернет. Собите се опремени со САТ ТВ, клима уред, телефон, како и мини-кујна со основен прибор, сопствен тоалет и тераса (користењето на клима уредот се наплаќа на лице место). Поради завидната локација, комбинацијата на сместување со опремена кујна и хотелска услуга, како и одличната цена го прават овој хотел традиционално чест избор за летување на голем број туристи. Детален опис на собите: Двокреветни студија со 2 единечни кревети или 1 дупли кревет во склоп на кујната. Трокреветни студија со 1 дупли кревет и еден единечен или 3 единечни кревети во склоп на кујната. Двоспален апартман со две затворени спални, една со 2 единечни кревети и една со 2 дупли кревети одвоени со кујна.

Пакет аранжман цени по лице за 7 ноќи со вклучен превоз /

– деца до 1,99 години: бесплатно (без седиште)

– деца од 2 до 5,99 години: само превоз 35 €

– деца од 6 до 12 години: 50% попуст

– трето во трокреветна и петто/шесто лице во дуплекс: 50% попуст

– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

– за само лице во соба со превоз плаќа една редовна цена и плус 50 % од цената за наем на студио

Само превоз (повратно):

– деца до 1,99 години: бесплатно (без седиште)

– деца од 2 до 12 години: 35 €

– возрасни: 45 €

Наем на студио/апартман / цени за цело студио/апартман за 7 ноќи без превоз

Во цената е вклучено:

– наем на студио/апартман за 7 ноќи

– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

Термини поаѓањe за Грција:

-Скопје       05:00    Олимписки Базен

-Кочани      04:30    пред Судот

-Штип         05:00   Нова Пошта

-Радовиш   05:30    Автобуска

-Струмица  06:00   Автобуска

Важат општите услови за патување на ТА Либеро Травел.

Вклучено во цената

  • ✓– 7 ноќевања во студио по лице (мин. 2 лица во студио / мин. 4 лица во дуплекс)
  • ✓– повратен превоз

Не е вклучено

  • ✕– патничко осигурување
  • ✕– туристичка такса 2 € по соба од ден

Подготвени за ХОТЕЛ АРИТИ – ПАРАЛИЈА 2026?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.