King Tut Aqua Park Beach 4* – Хургада
Опис на патувањето
Краток опис
На само 5 км од аеродромот Хургада, all-inclusive ресортот King Tut нуди голем базен и директен пристап до плажа. Располага со соби со балкони со поглед на коралниот гребен.Има 3 ресторани, вклучувајќи го и ресторанот Love Boat со романтичен амбиент и панорамски поглед на Црвеното Море. Во бедуинскиот шатор Сахара можете да уживате во азиски чаеви и наргиле.
Локација: Овој хотел сместен на сама плажа е одалечен 3 км од центарот на Хургада и 9 км од аеродоромот
Хотелски содржини: Хотелот располага со 3 ресторани во кои се служат специјалитети од интернационална кујна, и 1 А la carte ресторан. Барови(лоби, покрај базен и на плажа), дискотека, сервис за перење, интернет центар, продавници, менувачница и фризерски салон
Спорт и забава: На љубителите на спорт на располагање им е надворешен базен, со посебен дел за деца, 2 тениски игралишта, пинг понг, билјард, разни спортови на вода, гњурачки центар, спа центар со сауна, парна бања, џакузи и простории за масажи. За најмалите гости хотелот располага со мини клуб и забавен парк на плажа, со анимации наменети посебно за нив
Сместување
Располага со 133 соби. Сите соби имаат климатизација, мини бар, телефон, сателитска ТВ, фен и балкон.
Плажа
Хотелот располага со прекрасна песочна плажа во природна лагуна.
All inclusive - "се вклучено" - појадок, ручек, вечера, закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци според хотелските правила (самопослужување, избор на повеќе оброци).
Забелешки
Check out е во 12:00 попладне
При одјавување се плаќа доколку имате користено нешто надвор all услугата, се враќаат картичките за пешкири, клуч од соба и нараквицата
Престој во хотелот после 17:00 е дозволено само со доплата и доколку хотелот има слободни соби.
За изгубен клуч, нараквица или картица за пешкири , трошокот е на Ваша сметка.
Не е дозволено изнесување на храна надвор од ресторанот, воедно хотелот не сноси одговорност за храната која што не е од хотелот.
Дополнителни информации
Во хотелот има менувачница на рецепција. Се замолуваат сите гости на хотелот да се придржуваат кон dress code за време на вечерата, не е доволено да се носи шорц, папучи и сл.
General Warning
Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.
Подготвени за King Tut Aqua Park Beach 4* – Хургада?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
