Египет
1 / 23
Египет
Sunrise Royal Makadi Resort 5* – Хургада
Опис на патувањето
КРАТОК ОПИС
Локација
Хотелот се наоѓа во срцето на заливот Макади,на 30 минути од аеродромот во Хургада, на 35 минути од центарот на градот. Изграден е во релаксирачкиот дел од заливот со прекрасна песочна плажа.
Сместување
Располага со 330 луксузни соби, 17 апартмани и 144 фамилијарни соби. Секоја соба има фен, сателитска ТВ, минибар, клима уред, сеф, балкон или тераса.
All Inclusive (се вклучено) според хотелските правила, на основа шведска маса (самопослужување).
За хотелот:
Хотелот располага со неколку ресторани, италијански, азиски, ориентален A la carte, морски специјалитети.
Од останатите содржини има 2 базени, снек бар, лоби бар, билијард, шиша клуб и диско.
Содржини
Хотелот нуди 6 à-la-carte ресторани. Опциите за јадење вклучуваат италијанска, мексиканска, медитеранска, грчка и азиска кујна. Достапна е и 24-часовна услуга во соба. Во склоп на хотелот се наоѓаат 7 различни тематски барови, како што се типичен англиски паб, два барови покрај базен и кафулето Султана во ориентален стил.
Плажа
Гостите на располагање имаат убава песочна плажа со постепен леез во морето, бесплатни чадори и лежалки за сонце.
Подготвени за Sunrise Royal Makadi Resort 5* – Хургада?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
