Почетна / Дополнителни патувања / СОЛУН-ПАРАЛИА-МЕТЕОРИ-ТРИКАЛА 2026 со 1 ноќевање
Дополнителни патувања

СОЛУН-ПАРАЛИА-МЕТЕОРИ-ТРИКАЛА 2026 со 1 ноќевање

12 декември 2026

Поаѓање
12 декември 2026 · сабота
Резервирај по телефон

Минимум 20 патници · аванс 30% при резервација

Програма по денови

 1 ноќевање со појадок во  hotel 3* | Гратис посета на Солун | посета на Метеори |

посета на фабриката за изработка на икони и злато во Каламбака | посета на Трикала

Опис на програмата

1ден / 12.12 (сабота) ШТИП-РАДОВИШ-СТРУМИЦА-ГЕВГЕЛИЈА-СОЛУН-ПАРАЛИА                                                           .

Поаѓање од Штип во 05:00 часот (пред Стадионот-Нова Пошта), Радовиш во 05:30 часот (бензиска ЛукОил), Струмица 06:00 часот, (бензинска Макпетрол кружен тек,на влез), Валандово (Гама Оил) во 06:20часот и Гевгелија 07:00 часот (Граничен премин). Патување кон Солун со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Солун. Слободно време за кафе, ручек,прошетка, шопинг... Празничниот амбиент во Солун за време на Божиќ е спој на традиционална и медитерански шарм, каде зимскиот празничен дух се меша со мирисот на море. Срцето на празничниот амбиент е на плоштадот Аристотелис. Тука е поставена прекрасната голема елка со илјадници светилки, покрај елката се наоѓаат и дрвени куќички. Од нив се шири мирис на греано вино, крофни и други традиционални грчки колачи. Во попладневните часови поаѓање кон Паралиа. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.    

2ден / 13.12 (недела) ПАРАЛИА-МЕТЕОРИ-КАЛАМБАКА-ТРИКАЛА-МАКЕДОНИЈА                                                         .

Појадок. Одјавување од хотел. Се упатуваме кон едно од највпечатливите места во Грција - величествените Метеори, чудо од природата. Манастири изградени високо на карпите, опкружени со неверојатна природа. Еден од најпосетените манастири е Големиот Метеор (Манастирот Преображение Господово). Тоа е најголемиот, најстариот и најзначајниот манастир на Метеорите, основан XIV век од св. Анатасиј Метеорски. Сместен на врвот на огромна карпа. Следи посета на фабриката за икони и злато каде што ќе може да се види како рачно се изработуваат иконите. Овде ќе можете да си купте сувенири по многу пристапни цени. Потоа се упатуваме кон Трикала. Слободно време за разглед на Божиќното село. Магија за големи и мали. Ќе доживеете волшебен и најсладок Божиќ во работилницата на џуџињата каде се прават пецива пред очите на посетителите. Овде ќе ја посетите и куќата на Дедо Мраз (можност за фотографирање). Секој агол носи различни изненадувања... Во поладневните часови, поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ПРОМО цена по лице: 79€ / 4.898мкд

1 ноќевањe со појадок  во  hotel  3* во Паралиа;

- посета на Солун;

- посета на Метеорите;

- посета на фабриката за икони и злато во Каламбака;

- посета на Трикала, Божиќното Село;

- организација и реализација на патувањето.

За ова патување важат општите услови на Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.

Вклучено во цената

  • ✓превоз на наведената релација со автобус / минибус;
  • ✓1 ноќевањe со појадок во hotel 3* во Паралиа;
  • ✓посета на Солун;
  • ✓посета на Метеорите;
  • ✓посета на фабриката за икони и злато во Каламбака;
  • ✓посета на Трикала, Божиќното Село;
  • ✓организација и реализација на патувањето.

Не е вклучено

  • ✕туристичка такса 5€ (310мкд) по лице (се плаќа во агенција при резервација);
  • ✕доплата за еднокреветна соба -25€ / 1.550мкд;
  • ✕Деца до 10години - 49€ / 3.040мкд;
  • ✕Влезница за посета на Метеорите (индивидуално, 3-5€);
  • ✕патничко осигурување;
  • ✕индивидуални посети.

Услови и напомени

  • За ова патување важат општите услови на Т.А ЛИБЕРО ТРАВЕЛ.

Подготвени за СОЛУН-ПАРАЛИА-МЕТЕОРИ-ТРИКАЛА 2026 со 1 ноќевање?

Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.