ЉУБЉАНА СО БЛЕД, ЗАГРЕБ И ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА 2026
9 октомври 2026
Опис на патувањето
Љубљана е главниот град на Словенија и еден од најшармантните мали европски градови. Сместена е покрај реката Љубљаница, чии брегови се украсени со кафулиња, мостови и шеталишта полни со живот. Градот е познат по Љубљанскиот замок кој се издига над старото градско јадро и нуди прекрасен поглед на околината. Архитектурата на Љубљана спојува барок, сецесија и модерен стил, а голем печат оставил архитектот Јоже Плечник.
Tермини:
09.10 - 12.10.2026
ПРОМОТИВНА ЦЕНА - 189евра ( 11 720 ден)
Програма по денови
Пристигнување во Љубљана. Прошетка со локален водич низ Љубљана низ центарот на градот – 🌉 Тромостовје🐉 Змејски мост 🏛 Прешернов плоштад. Потоа слободно индивидуално време за кафе и одмор низ центарот на Љубљана. Потоа гратис од агенцијата носење во БТЦ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР. По договореното време се сместуваме во хотел. Слободно време. Ноќевање.
БЛЕД СО БЛЕДСКО ЕЗЕРО
Појадок во раните утрински часови. Во 08:00 часот наутро се упатуваме кон Блед е едно од најпознатите и најромантични места во Словенија. Бледското Езеро со кристално чиста вода и малото островче во средината создаваат неверојатна глетка. Над езерото се издига Бледскиот замок, од каде се отвора прекрасен поглед кон езерото и Алпите. Прошетката околу езерото е лесна и пријатна, а Блед е познат и по својата прочуена бледска крем пита. Посета на Бледското Езеро, прошетка околу езерото, пауза за кафе или ручек. По разгледот на Блед,се упатуваме кон Загреб. Панорамна обиколка во Загреб, и пешачки разглед на градот. Слободно време во Загреб за индивидуални активности. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок околу 06:30 сабајле. По појадок и одјавување од хотелот, во 07:00 часот поаѓање кон Плитвичките Езера во Хрватска. Плитвичките Езера се најпознатиот национален парк во Хрватска и се под заштита на УНЕСКО. Паркот се состои од 16 езера поврзани со водопади, опкружени со густи шуми и недопрена природа. Дрвените патеки овозможуваат лесна прошетка низ паркот и уживање во природните убавини без голем напор. Водата е со неверојатни нијанси на сино и зелено, кои се менуваат во зависност од светлината и годишното време. Посетата на Плитвичките Езера е вистинско доживување и едно од најубавите природни чуда на Балканот. Разгледување на националниот парк со лесни пешачки патеки и паузи за одмор. По посетата, продолжување на патот назад кон Македонија. Враќање во Македонија во раните утрински часови.
Вклучено во цената
- ✓автобуски превоз на дадената релација
- ✓сместување во хотел со 3* во околина на Крањ - 1 ноќевање со појадок
- ✓сместување во хотел со 3* во околина на Загреб - 1 ноќевање со појадок
- ✓панорамна обиколка во Загреб и разглед на Загреб
- ✓придружник на групата
- ✓посета на БТЦ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР
Не е вклучено
- ✕здравствено патничко осигурување (320 ден)
- ✕посета на Блед– 30евра
- ✕посета на Плитвичките езера ( задолжителна факултатива) 40евра
Услови и напомени
- Сите патници кои ќе одат на оваа програма мора задолжително да ја платат оваа факултатива – без исклучок
- ФАКУЛТАТИВИТЕ ПОДЛЕЖАТ НА ПРОМЕНИ НА ЦЕНА ЗАВИСНО ОД УСЛОВИТЕ
- туристичка такса за сместување во Љубљана 5е за двете ноќевања –задолжително
- влезници за културно историските споменици
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.
- Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
- Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
- За овој програм важат Опшите Услови на патување на Либеро Травел.
- Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
- Т.А.Либеро Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
- Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
- Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Либеро Травел.
- ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: МОЖНО Е ВОВЕДУВАЊЕ НА ГРАНИЧНА ТАКСА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА 20ЕВРА. Ова не е поврзано со туристичката агенција. Плаќањето се врши на граничен премин.Еднаш платената такса од 20 евра ќе важи три години или до истекот на пасошот. Со ЕТИАС ќе се дозволи вкупен престој до 90 дена во период од 180 дена.
Подготвени за ЉУБЉАНА СО БЛЕД, ЗАГРЕБ И ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА 2026?
Јавете се за слободни места и резервација. Нашиот тим е тука за сите детали околу патувањето.
